Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Изрази се преку медиумите

 

Доделување награди за конкурсот „Изрази се преку медиумите“

Институтот за комуникациски студии  в четврток, 9 мај 2019 год., од 11.30-13 ч. во ЕУ Инфоцентар ќе ги додели наградите за најдобар медиумски производ на средношколскиот конкурс „Изрази се преку медиумите“.  На настанот ќе бидат претставени најуспешните фото приказни и видеа на тема „Сакам да живеам во чиста околина“, а ќе бидат соопштени и 15-те ученици кои во јуни ќе присуствуваат на неколкудневниот еко камп во Струмица. Наградите ќе ги врачи Рејчел Галовеј, британската амбасадорка во Република Северна Македонија.

Средношколскиот конкурс „Изрази се преку медиумите“ се реализира како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ на Институтот за комуникациски студии. Целта на кампањата е ​​зголемување на притисокот кон јавните институции за поефикасно решавање на проблемите од животната средина и поттикнување на граѓанскиот активизам кон државните и локалните институции за прифаќање на концептот на одржлив развој. Кампањата ја спроведува ИКС во рамки на проектот „Поддршка на добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите во Македонија“, финансиран од британската амбасада во Република Северна Македонија.

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk