Во рамки на обуките младинска медиумска писменост, а во текот на трите обики со средношколци кои се одржаа од новинарите на Радио МОФ во Скопје, Велес и Тетово, една од активностите беше учесниците да пронајдат текстови кои сметаат дека се неетички и не ги запазуваат воспоставените новинарски стардарди. Потоа, до Советот за етика во медиумите, беа испратени седум претставки. Сите се уважени како оправдани.

Одговорите на претставките, пратени во рамки на обуките за медиумска писменост, може да се видат на сајтот на СЕЕМ ( кликни ОВДЕ).

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004