Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Изрази се преку медиумите

Kristina Koneva 1   Kristina Koneva 2   Kristina Koneva 3
Овој објект, лоциран веднаш спроти основното училиште ,,Јан Амос Коменски", претставува непотребна, непривлечна рушевина. Тука се наоѓала поранешната месна заедница на населбата Тафталиџе, но моментално е во непрепознатлива состојба. Градбата е во процес на распаѓање и внатрешноста е исполнета со огромна количина на отпад што е извор на безброј болести. Овој објект нема никаква функција, па така просторот е залудно потрошен. Доколку се направи добар план и се преземе акција, овој простор може да се претвори во нешто корисно. Градот има потреба од игралишта за рекреација на младите, па вложувања во областа на развивање на здравиот и спортскиот живот се секогаш добредојдени.
Kristina Koneva 4   Минувајќи ја улицата, овој превртен контејнер ми го одвлече вниманието. Од една страна тој лошо влијае врз естетиката на просторот, од друга страна ја губи функцијата поради целосната дислоцираност. Некои отпадоци наменети да бидат во контејнерот се наоѓаат надвор од него, a самиот контејнер, во ваква положба е неупотреблив. Причината поради која е дојдено до оваа состојба не ми е позната, но таа воопшто не е пријатна и мора да се преземат активности за, пред сè, да се засили свеста на граѓаните (за ова да не се случи повторно), како и обнова на старите канти, па и нивно модернизирање и унапредување.
Kristina Koneva 5   Kristina Koneva 6
 Објектот претставен на фотогрфијата се наоѓа веднаш зад Драмски театар. Навистина е апсурдно кога ќе кажеме дека на само неколку чекори од оваа запуштена градба се создава ументост и се продлабочува културата. Во оваа состојба е веќе со години и тоа воопшто не е логично, бидејќи со целосна реновација, градбата би можела да се претвори во некоја институција кojа би била во полза на заедницата. Со малку имагинација и иновативни идеи, ова заборавено парче бетон би имало нова улога и модерен изглед. 
Kristina Koneva 7   Ова е ужасниот отпад којшто се наоѓа пред кејот на реката Вардар. Наместо нашите прошетки да се одвиваат покрај бујни, зелени површини, ние сме изложени на оваа грозна глетка. Секојдневните спортски активности и различни видови рекреација очекуваме да бидат спроведени во чиста и здрава околина, но овој куп отпад го претставува спротивното. Потребна е итна интервенција и темелно чистење на ова место. Притоа, граѓаните не смеат да дозволат повторно да се создаде ваква непривлечна "депонија". Фрлањето на отпад на соодветно место треба да биде сечија обрвска, а доколку не биде исполнета да следуваат казни. Општината е задолжена да обезбеди соодветни корпи за отпад, а граѓаните имаат морална должност совесно да се однесуваат кон околината.
Kristina Koneva 8   Ова е ужасниот отпад којшто се наоѓа пред кејот на реката Вардар. Наместо нашите прошетки да се одвиваат покрај бујни, зелени површини, ние сме изложени на оваа грозна глетка. Секојдневните спортски активности и различни видови рекреација очекуваме да бидат спроведени во чиста и здрава околина, но овој куп отпад го претставува спротивното. Потребна е итна интервенција и темелно чистење на ова место. Притоа, граѓаните не смеат да дозволат повторно да се создаде ваква непривлечна "депонија". Фрлањето на отпад на соодветно место треба да биде сечија обрвска, а доколку не биде исполнета да следуваат казни. Општината е задолжена да обезбеди соодветни корпи за отпад, а граѓаните имаат морална должност совесно да се однесуваат кон околината.
Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk