Коалицијата е отворена и за други субјекти кои работат или пак имаат желба да учат и да ја унапредуваат медиумската писменост. Високата школа, заедно со своите партнери „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите, ги поканува граѓанските организации, медиумите, институциите, училиштата и сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон Коалицијата.
Што значи Вашето пристапување кон Коалицијата за медиумска писменост?
Целта на Коалицијата е преку заеднички напори на повеќе поединци, организации и институции да се зајакне на свеста на граѓаните за значењето на медиумската писменост, разбирање на медиумските содржини и употреба на медиумите како канал за артикулирање на нивните интереси. Тоа е еден од предусловите за активно учество во јавната сфера.
Со пристапот кон Коалицијата, ќе бидете информирани за сите активности, настани, истражувања и нови ресурси за медиумската писменост. Исто така, може да ги споделувате и вашите активности врзани за темата, со што ќе ги информирате и другите членови на Коалицијата.
Пристапот е доброволен и бесплатен.
Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.