МЛАДИНСКА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

Национален младински совет на Македонија и радио МОФ преку проектот „Младинска медиумска писменост“ практично ќе ги обучуваат граѓанските организации и младите како да ги анализираат медиумските содржини.

Повеќе за иницијативата:     МКД          ENG

ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ПОТРЕБАТА ОД СТРАТЕШКИ ПРИСТАП ЗА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ

Вилсон Македонија и СакамДаКажам.мк преку проектот „Подигнување на јавната свест за потребата од стратешки пристап за ретките болести“ ќе ги промовираат на медиумите како алатка за активно учество на пациентите со ретки болести во јавната сфера.

Повеќе за иницијативата:     МКД          ENG

ОБЈАВИ МЕ

МКЦ-Битола и ТВ Тера преку проектот „Објави ме“ ќе работат на подобрување на критичкото разбирање на содржините и функционирањето на медиумите од страна на граѓаните, ставајќи ги гледачите во улога на репортери и продуценти на серијал од 20 ТВ емисии.


Повеќе за иницијативата:     МКД          ENG

ИНКЛУЗИЈА ПРЕКУ МЕДИУМИ

Здружението Инклузива и телевизија Плус преку проектот „ Инклузија преку медиумите“ ќе работат на зголемување на учеството на лицата со попреченост во локалната заедница со подобрување на нивните вештини за медиумска писменост.

Повеќе за иницијативата:     МКД          ENG

ВО НАШЕ ИМЕ

Здружението „Реформатор“ и телевизија 24 преку проектот „Во наше име“ ќе отворат прашања од јавен интерес, ставајќи ги во фокус и етичкиот кодекс на новинарите и нормативите под кои работат редакциите во кои се поткопува интегритетот на новинарите.

Повеќе за иницијативата:     МКД          ENG

МАРГИНИТЕ ВО ЦЕНТАР

Коалицијата СЗПМЗ, ПЕТКАМЕН - Центарот за развој на социјални комуникации и ТВ 21 преку проектот „Маргините во центар“ ќе го промовираат концептот на граѓанското новинарство како инструмент за активното учество на граѓаните во јавната сфера.

Повеќе за иницијативата:     МКД          ENG

МЕДИУМСКИ ПИСМЕН СТУДЕНТ

Македонскиот институт за европски студии и Урбан ФМ преку проектот „Медиумски писмен студент“ ќе ги едуцираат студентите како носители на прогресивните општествени промени за начинот на кој функционираат медиумите.

Повеќе за иницијативата:     МКД          ENG

ГОРДИ НА СЕБЕ

Специјална олимпијада Македонија и МРТ преку проектот „Горди на себе“ ќе работат на сензибилизирање на пошироката јавност за лицата со интелектуална попреченост и поддршка на лицата со интелектуална попреченост.

Повеќе за иницијативата:     МКД          ENG

 Здружението „Реформатор“ и телевизија 24 преку проектот „Во наше име“ ќе отворат прашања од јавен интерес, ставајќи ги во фокус и етичкиот кодекс на новинарите и нормативите под кои работат редакциите во кои се поткопува интегритетот на новинарите.

Повеќе за иницијативата:     МКД          ENG

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004