ALB

Со растот на лажните вести и пропагандата, се јавува потребата од медиумска писменост кај младите кои секојдневно се изложени на низа манипулативни содржини. Оттука, Националниот младински совет на Македонија и Радио МОФ го започнуваат проектот „Младинска медиумска писменост“ со цел да се подигне свеста кај младите учесници за критичко размислување, за аналитичен пристап на информациите кои ги добиваат од медиумите и способност за евалуација на содржината.

Граѓанските организации пак, ќе се оспособат свесно да ги анализираат содржините во медиумите кои се во нивно поле на интерес и правилно да комуницираат со медиумите и нивните таргет групи при десиминацијана нивните општествено одговорни активности.

Проектот „Младинска медиумска писменост“ ќе овозможи три викенд обуки за 60 млади од Скопје, Велес и Тетово и една обука за граѓански организации кои ќе резултираат сопродукција на едукативни содржини за слобода на изразување кај младите од маргинализираните заедници, без разлика на пол, етникум, социјален статус и сексуален и родов идентитет.

Дводневните обуки за млади ќе се фокусираат практично да ги научат учесниците замедиумска писменост, пропаганда и разликата помеѓу етичко и неетичко новинарство. Дополнително ќе бидат обезбедени менторства за разработката на текстови, видео и аудиоприлози, подкасти, по избор на учесниците. Викенд обуката наменета за граѓанските организации тематски ќе биде насочена кон медиумската писменост, но и односите со јавноста односно како да се пренесат информации до таргет групите кои водат до општествена промена.

НМСМ е национална чадор организација на сите млади во Македонија. НМСМ обединува 55 организации со цел да се промовираат и да се залагаат за правата на младите во Македонија. Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации, политички подмладоци и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било друга форма на разлика.

Радио МОФ е интернет радио кое продуцира и споделува музички и информативни содржини кои се достапни на www.radiomof.mk. Поведени од фактот дека е ограничен просторот во кој младите можат да се изразат, развиваме медиум кој е отворена станица за промоција на младинската, културната и креативната заедница. Радио МОФ е алтернативен онлајн медиум кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, нуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист за младата генерација. Нашата целна публика се сите млади луѓе и сите граѓани чиј интерес е да бидат информирани за статусот на младите во општеството и кои сакаат негово подобрување.

Проектот се спроведува со помош на грант доделен преку проектот„Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и односи со јавност, а во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004