Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Медиумски лаборатории

Osma-mediumska-laboratorija-7
Osma-mediumska-laboratorija-6
Osma-mediumska-laboratorija-5
Osma-mediumska-laboratorija-4
Osma-mediumska-laboratorija-3
Osma-mediumska-laboratorija-2
Osma-mediumska-laboratorija-1

Осма медиумска лабораторија во Неготино со евроамбасадорот Жбогар

Повеќе од четириесетина ученици од неготинската гимназија „Св. Кирил и Методиј“ учествуваа на осмата медиумска лабораторија што ја организираат Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со весникот „Нова Македонија“.

Учениците освен што дискутираа за професионалните стандарди во новинарството и основите на новинарското пишување, учеа и како прави интервју поставувајќи му прашања на својот гостин, амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Н.Е. Самуел Жбогар. Интервјуто е објавено во априлското издание на средношколскиот весник „Медиум“ кој излегува еднаш месечно како подлисток во „Нова Македонија“.

Овие интерактивни средношколски работилници за новинарство се дел од проектот „Коалиција за медиумска писменост“ што го финансира Европската Унија. Освен „Нова Македонија“, во проектот е вклучен и Институтот за различности во медиумите од Лондон.

Повеќе фотографии од настанот.

12separator12

Sedma-mediumska-laboratorija-7
Sedma-mediumska-laboratorija-6
Sedma-mediumska-laboratorija-3
Sedma-mediumska-laboratorija-5
Sedma-mediumska-laboratorija-4
Sedma-mediumska-laboratorija-2
Sedma-mediumska-laboratorija-1

Седма медиумска лабораторија во Свети Николе

Четриесетина ученици од светиниколската гимназија „Кочо Рацин“ учеа како се прави весник, како се пишуваат вести и што е улогата на новинарите во едно општество.

Александра Теменугова од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и новинарот Жарко Василевски од дневниот весник „Нова Македонија“ ги запознаа учениците со тајните на новинарството, како работи една редакција и кои се професионалните стандарди во оваа професија. Средношколците учеа и за тоа како да станат медиумски писмени граѓани и колку е важно тоа за едно здраво демократско општество. Преку вежби за пишување, самите ученици ја испробаа улогата да бидат новинари.

Овој настан се организира во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, при што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“ секој месец ги посетуваат училиштата низ Македонија. Проектот за медиумската писменост финансиски го поддржува Европската Унија.

12separator12

Sesta-mediumska-laboratorija-7
Sesta-mediumska-laboratorija-6
Sesta-mediumska-laboratorija-5
Sesta-mediumska-laboratorija-3
Sesta-mediumska-laboratorija-4
Sesta-mediumska-laboratorija-2
Sesta-mediumska-laboratorija-1

Шеста медиумска лабораторија во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје

Педесетина ученици од средното училиште „Никола Карев“ во Скопје учеа како се прави весник и како се пишуваат вести. Предавањето за основите на новинарството го реализираа предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и новинари во дневниот весник „Нова Македонија“.

На неколкучасовната работилница учениците се запознаа со тајните на новинарството, како работи една редакција, како се прават содржините во медиумите и кои се професионалните стандарди што треба да ги почитуваат новинарите. На интерактивната работилница учениците вежбаа пишување вести, кои потоа ги презентираа пред присутните учесници.

Средношколците учеа и за тоа како да станат медиумски писмени граѓани и колку е важно тоа за едно здраво демократско општество. Овој настан се организира во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, при што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“ секој месец ги посетуваат училиштата низ Македонија, држејќи предавања за новинарство и за медиуми, а реализацијата е овозможена со поддршка на Европската Унија.

12separator12

Petta-mediumska-laboratorija-1
Petta-mediumska-laboratorija-7
Petta-mediumska-laboratorija-4
Petta-mediumska-laboratorija-6
Petta-mediumska-laboratorija-5
Petta-mediumska-laboratorija-3
Petta-mediumska-laboratorija-2

Петта медиумска лабораторија во Виница

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста со колегите од весникот „Нова Македонија“ организираа интерактивно предавање за учениците од гимназијата „Ванчо Прке“ од Виница за основните новинарски техники, начинот за пишување новински вести, употреба на медиумите како алатка за поголема гласност на младите во јавниот живот. Дел од учениците новостекнатото знаење го аплицираа во последниот број на средношколскиот весник „Медиум“.

Овие работилници се одржуваат во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ овозможен со поддршка на Европската Унија.

Фотографиите од настанот, може да се видат тука.

12separator12

Четврта медиумска лабораторија во Велес

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и „Нова Македонија“ организираа медиумска лабораторија во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.

На неколкучасовната работилница учениците дознаа како се пишуваат вести, како работи една редакција, како се прави селекција на содржините и кои се професионалните стандарди што треба да ги почитуваат новинарите. На интерактивната работилница, учениците вежбаа пишување вести. Овој настан се организира во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ при што Школата и дневниот весник секој месец ги посетуваат училиштата низ Македонија, држејќи предавања за новинарство и за медиуми. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Овие еднодневни работилници се организираат со цел да им се доближат на младите професионалните новинарски стандарди и процесот на креирање вести. Реализацијата на ваквите предавања е овозможена со поддршка на Европската Унија.

12separator12

Трета медиумска лабораторија во Охрид

Четириесетина ученици од охридската гимназија „Св Климент Охридски“ учеа како се прави весник и како се пишуваат вести. Предавањето за основите на новинарството го реализираа Дејан Андонов, предавач на Високата школа и Жарко Василевски, новинар во дневниот весник „Нова Македонија“.

Овие еднодневни работилници се организираат со цел да им се доближат на младите професионалните новинарски стандарди и процесот на креирање вести. Реализацијата на ваквите предавања е овозможена со поддршка на Европската Унија.

12separator12

Новинарска лабораторија во „Славчо Стојменски“ Штип

Штипските средношколци, на почетокот на месецов, можеа да научат нешто повеќе за новинарството и како се пишуваат новинарски вести. Во организација на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во средното училиште „Славчо Стојменски“ во Штип се одржа новинарска лабораторија за 30-тина ученици од сите четири години.

Учениците се запознаа со содржините на средношколскиот весник „Медиум“, а потоа Александра Теменугова од Високата школа им објасни што е новинарска вест и кои се карактеристиките и структурата на веста.
Новинарот и уредник во дневниот весник „Нова Македонија“, Жарко Василевски, во заедничка комуникација со средношколците, опиша како функционира една редакција на печатен медиум и како се раѓаат вестите во еден весник.
- Задоволен сум од целата работилница. Научивме повеќе за тоа како треба да пристапуваме кон различните видови вести. Како да споредуваме вести и да анализираме. Би сакале да имаме повеќе вакви едукативни работилници во училиште – рече матурантката Јована Георгиева.

Учениците вежбаа пишување вести, но се интересираа и за начинот на кој се креира уредувачката политика на медиумите, за процесот на информирање, репортерство и можностите на интернет-медиумите.
Оваа новинарска лабораторија што ја организира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е дел од проектот „Македонска коалиција за медиумска писменост“ што го финансира Европската Унија.
Дел од активностите на овој проект се фокусирани кон подигнување на свеста на средношколците за значењето на медиумската писменост и критичка перцепција на информациите.

Секоја година Школата организира по пет вакви работилници во различни средни училишта низ Македонија, оваа во Штип е втора по ред.

Следните три работилници ќе се реализираат во првото полугодие на наредната учебна година.

12separator12

Прва медиумска лабораторија во гимназијата во Гевгелија

Гимназијата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија беше домаќин на првата медиумска лабораторија што ја организираат Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“. Учениците дискутираа на тема „Медиумите како алатка за глас на младите или средство за забава и едукација?“, поттикнати од излагањата на Жарко Василевски, новинар во „Нова Македонија“ и Дарко Малиновски, активист и член на Студентскиот пленум и Томе Аврамов, професор по македонски јазик.

Средношколците ги интересираше каков процесот на креирање вести во еден дневен весник и како новинарите знаат и проверуваат дали информациите се вистинити, како политичките партии прават притисок врз медиумите, зошто новинарите не го применуваат стандардниот македонски јазик... Поттикнати од излагањето на Дарко Малиновски кој го пренесе искуството на Студентскиот пленум за инвентивна употреба на медиумите за промоција на нивните барања во 2014 и 2015 година против предлог Законот за високо образование, учениците дискутираа како и дали можат да ги артикулираат своите интереси.

Овој настан на Школата и на „Нова Македонија“ е дел од проектот „Македонска коалиција за медиумска писменост“, кој во меѓу другите активности, во следните три години ќе работи на промоција на медиумската писменост кај средношколците. Освен печатење на месечниот весник „Медиум“, Школата и „Нова Македонија“ во следните три години ќе организираат 15 дебати или работилници во различни училишта низ Македонија.

Проектот е финансиран од Европската унија.

12separator12

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk