Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Фаца на месецот

zoi-blaz1Таа е млада и талентирана. Таа е новото лице на македонската музичка сцена. Зои Блаж е студенка на Музичката академија во Скопје на отсекот за соло пеење - популарна музика. Својот почеток го бележи со песната „Сама“ за која сними спот, а неодамна се појави и во едно ново светло, со една балада наречена „Ти си тој“.

 

 

 

Медиум: Како Зорица Блажева стана Зои Блаж на 16 години?

Зои Блаж: Многу спонтано. Заедно со мојот продуцент Александар Масевски ја направивме песната „Сама“ со која настапував на фестивалот „Сунчане скале“ кадешто го зазедов седмото место. И оттогаш се роди Зои Блаж, како униканта кратенка од моето име и презиме.

Медиум: Дали е напорно да се почне кариера на таа возраст или тоа е она што по тебе е идеален почеток за да се остави белег во македонската музика?

Зои Блаж: Се` што се сака се може, меѓутоа ми се укажа можност на 16 години да почам да градам кариера. Некои велат дека е премногу рано, но има и луѓе кои мислат дека за да се остави наследство треба да се почне од порано.

Медиум: Како Зои, а како Зорица се носи со критиките на публиката за секое ново лице на нашата сцена?

Зои Блаж: Им благодарам на сите што ме подржуваат, но и на постојаните критичари бидејќи тие се мојот најголем двигател за да станам уште подобра во она што го работам.

zoi-blazМедиум: Талентот кој го поседуваш беше пренесен од страна на многу медуми, особено со новата балада и спотот за истата, што е голем напредок. Но дали мислиш дека се уште треба да се надоградуваш?

Зои Блаж: Светски ѕвезди како што се Селин Дион и Бијонси одат на часови по пеење, го вежбаат гласот, инвестираат во себе, па така и јас секогаш ќе работам на себе и на она што го работам.

Медиум: Дали ќе очекуваме албум на Зои или тој проект би го оставиле за некој нареден период?

Зои Блаж: За да почнам да работам на таков голем проект мислам дека ми треба време. Треба да ѝ оставам простор на публиката да ме запозне, да се навикне на мојот стил. Па понатака ќе го реализирам и тоа.

Медиум: Што е им препорачуваш на средношколците во врска со остварувањето на нивните соништа и изразувањто на талентите кои ги поседуваат?

Зои Блаж: Никогаш да не се откажуваат од своите соништа, да го искористат она што го поседуваат бидејќи се` се сведува на еден процет талент и 99 проценти работа и развој на талентот, за на крај коцките сами да се наредат.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk