Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Фаца на месецот

iva-spasovskaИва Спасовска е модна дизајнерка од Куманово кој веќе неколку години активно работи во Скопје. Таа е млада и уникатна во својата работа, а со својот стил и вештини секоја своја идеја ја реализира во прекрасен фустан.

Желбите на клиентите им ги претвора во реалност зашто освен што нејзините креации се оригинални, никој во нив не останал незабележан.

 

 

Медиум: Кога го направи првиот чекор кон својата кариера?

Ива: Тоа беше пред да завршам средно училиште, поточно кон самиот крај на средното. Пробав, видов и еве се уште се трудам да успеам. Со секоја постигната цел си поставувам нов и поголем предизвик. Сепак, првиот чекор е направен. Сега се движам напред. Креирам и остварувам.

Медиум: Колкаво е искуството на Ива како моден дизајнер?

Ива: Креирам веќе шест години. На почетокот тоа беше хоби за правење модни додатоци, како обетки, ѓердани и слично, а потоа почнав и со модни парчиња. Тука се пронајдов себеси и својата кариера, која ја работам со љубов.

Медиум: Кое е првото парче облека кое го има пробано некој од клиентите?

Ива: Првото нешто кое почнав да го работам од облека беше корсет. И воедно тоа е и првото парче кое беше облечено од моја клиентка со потпис на „Atelier by Iva“.

iva-spasovska2Медиум: Како почна ова твое патување?

Ива: Бидејќи сум од Куманово, најпрво почнав таму да работам. Но беше тешко поради голем број редовни клинети кои беа од Скопје. Така пред две години го отворив ателјето кое се наоѓа во скопската населба Капиштец и од тогаш успешно работи и ги задоволува сите замисли на девојките.

Медиум: Каков стил внесува Ива во своите креации и по што е тој стил претпознатлив?

Ива: Стилот кој го работам е пред се женствен, најмногу фокусиран кон оној „princess look“ и истакнувањето на женските облини. Сетоа тоа кога ќе се стави во еден дизајн ја прави секоја девојка да изгледа уникатно и совршено.

 

Репортер: Елена Андоновска, студентка на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk