Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Фаца на месецот

bekaОд неодамна поетеса, одамна актерка, моментално средношколка – тоа накратко ја опишува Изабела Јакимова – Бека. Таа е ново име во македонската книжевност, која само што ја издаде својата прва збирка поезија. Но, иако пишувањето ја исполнува, Изабела вели дека глумата е нејзината најголема љубов. Таа е активен член на драмската секција во Македонскиот народен театар, а веќе четири години и е средношколка во скопското медицинско училиште „Панче Ќараѓозов“.

 

 

Медиум: Што те инспирираше за да ја напишеш оваа книга?

Бека: Оваа книга беше инспирирана од мојот секојдневен живот, специфично од моите роднини и пријатели кои на некој начин ми се исповедуваа за одредени случки во нивните животи. Од нивните, така не толку среќни приказни, јас почнав да пишувам песни и на крајот дојдов до збирка.

Медиум: Дали во оваа збирка имаш преточено елементи од својот живот?

Бека: Има неколку песни кои се темелат на мои лични искуства, но повеќето се од личните искуства на моите блиски.

beka-poetesa1Медиум: Како беше за тебе да издадеш книга?

Бека: Тоа е едно многу убаво, исполнително чувство. Најискрено не очекував волкав број на луѓе да дојдат и да ме подржат. Навистина беше едно прекрасно искуство.

Медиум: Како стигна до тоа ти да ја издадеш книгава? Дали некој ти помогна во процесот?

Бека: Книгата ја издадов преку НОВА во Битола, тие ми помогнаа околу финансиите, а до нив дојдов преку натпревар за кој дознав од еден драг пријател.

Медиум: Дали за тебе пишувањето е само хоби или пак потенцијална, понатамошна професија?

Бека: Пишувањето се уште го сметам за хоби. Во иднина би сакала, секако ако е можно, да се занимавам со актерство, бидејќи сепак таа е мојата прва љубов. Театарот на некој начин ми е втор дом, а луѓето со кои глумам – фамилија.

Медиум: Од прилика од која возраст се заинтересира за пишување? Од каде дојде тој нагон?

Бека: Од прилика од четврто одделение, од тие дневници што се пишуваа во тоа време. Се разбира стилот со тек на времето се менува.

Медиум: Кои се твоите планови за иднината?

Бека: Иднината… Се трудам да не планирам и едноставно да оставам да се случи. Но, сепак би сакала да бидам среќна мајка и актерка. Можеби Холивуд еден ден. Многу сонувам (се смее).

beka-poetesa2Медиум: Како ти го поминуваш слободното време?

Бека: Како и секоја тинејџерка јас се дружам, излегувам по разни атрактивни локали, секако користам и социјални мрежи. Но, тоа што најмногу ме исполнува е времето поминато спремајќи претстави во драмската секција во Македонскиот народен театар, и секако пишувањето.

 

 

 

Репортер: Јана Чолаковска, ученичка во средното училиште „НОВА“
Фотографија: Ангела Настевска, ученичќа во средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk