Фаца на месецот

Биди новинар и интервјуирај познати личности чиј успех или искуство вреди да се сподели со младата публика.

Младите да ја донесат културата

Ана Костовска

МЕДИУМ: Што работите во моментов и која улога досега Ви е најомилена?anaslika

АНА: Во моментов сум во Скопје, не работам ништо затоа што сум игнорирана и маргинализирана во институцијата каде што сум вработена. Мојата последна улога беше во претставата „Библија“ на Срѓан Јаниќијевиќ, којашто се одигра два-три пати.

Кога станува збор за мојата омилена улога во Драмски театар, тоа е улогата на кметницата во мојата дипломска претстава „Соблажна во Сентфлоријанската долина“ од Иво Цанкар, а во режија на мојот професор Владимир Милчин.

МЕДИУМ: Колку е театарот популарен помеѓу младите?

АНА: Според моите согледувања, младите поим немаат од театар, се разбира, со чест на исклучоците. И тие не се виновни за тоа. Бомбардирани се со површни содржини на сите страни, „риалити шоуа“ и фолк хистерии, а од театарот добиваат, речиси исто, историско-националистички патетици и што е најстрашно, лажни памфлети, евтини засмејувачки „драмулетки“ каде што врв на духовитоста е пцуење и спомнување гениталии. Малку од тинејџерите знаат за Шекспир, Молиер, Брехт. Во најдобар случај, избраните меѓу еднаквите ќе можат да одат во новиот „театар за елитата“ за да гледаат прекопирана провинциска лакрдија за тоа колку се гламурозни гангстерите од Чикаго, колку се секси кога танцуваат и пеат со пиштоли во рацете, а уште кога и фустаните им светкаат... Сочувствувам со тинејџерите, светот не им се погоди, а театарот уште помалку. Од друга страна, пак, искуството ме учи дека лоши времиња изнедруваат силни луѓе. Да се надеваме дека тие млади ќе ја донесат културата со времето што доаѓа.

Автор: Александар Самарџиски

Read 122 times Last modified on Четврток, 09 Март 2017 13:50

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004