Фаца на месецот

Биди новинар и интервјуирај познати личности чиј успех или искуство вреди да се сподели со младата публика.

Бараме глас за реформите во образованието

 Ѓорги Ставриќ, Средношколски пленум

gjorgi-stavric1Повеќе од еден месец средношколци од речиси сите училишта во Македонија предводени од Средношколскиот пленум бојкотираат поради незадоволството од новите измени за екстерното тестирање. Во овој број на „Медиум“ го интервјуираме Ѓорги Ставриќ, претставник од Средношколскиот пленум и матурант во скопското училиште „Јосип Броз Тито“. Тој вели дека иако притисоците ги има се повеќе, средношколците не потпаѓаат на нив и дека токму преку формирањето на нивниот Пленум се забележува сплотеноста меѓу самите средношколци.

Медиум: Во многу средни училишта наставата е во застој поради протестите за екстерното тестирање. Каква е атмосферата во училиштата?
Ѓорги: Мнозинството од средните училишта бојкотираат, a атмосферата е тензична. Спроведен е бојкот на настава со тоа ние не сме присутни во училниците, но сепак сме присутни во училиштата. Притисоците доаѓаат во секоја форма. Како што времето одминува директорите и останатиот персонал се обидуваат да ги заплашат матурантите преку непостоечки правни механизми. Додека кај помладите генерации притисоците остануваат на едно примитивно ниво што достигнува степен на користење физичка сила и дури психолошки притисок. Дел од професорите и речиси сите директори ги кршат меѓународните права на децата.

Медиум: Зошто одбивност кон математиката и екстерното тестирање?
Ѓорги: Нема одбивност кон математиката и екстерното тестирање. Ние веруваме во слобода на избор на секој ученик и подобрување на екстерното тестирање. Во ниту еден случај екстерното тестирање не ја одразува правилната оценка на знаењето на ученикот или квалитетот на професорот поради фактот дека како систем не е добро развиен кај нас.

Медиум: Дали бојкотот беше неопходен за да се изрази незадоволството? Како ги коментираш прозивките дека единствена цел ви е непослушност и губење на наставата?
Ѓорги: Тоа се шпекулации, гласини и дезинформирање. Се знаат нашите барања и се знае за што стоиме ние. Бојкотот беше една од порадикалните мерки на којшто бевме принудени. Откако нѐ дискриминираше и навреди, што би се кажало народски, МОН и министерот Адеми ги баравме под дрво и под камен.

Медиум: Дали средношколците се доволно здружени кога станува збор за искажување на незадоволство поради образовните мерки кои се преземаат?
Ѓорги: Нашата организација како пленум самата по себе тоа го докажува. Во Македонија де факто до пред Средношколскиот пленум немаше организација што ги претставуваше средношколците. Тој факт сам по себе кажува дека има многу грешки во образовниот систем, дека не биле средношколците во замисла и дека се загрозува образованието со сето тоа. Со создавањето на Средношколски пленум се гледа сплотеноста на средношколците.

gjorgi-stavricМедиум: Како функционира Средношколскиот пленум?
Ѓорги: Средношколскиот пленум има хоризонтална поставеност, т.е нема авторитет или хиерархија во нашата организација. Организирани сме по училишта. Секое училиште има претставник на клас од секоја година и на тој начин се донесуваат одуки на ниво на училиште. Секое училиште е претставено согласно одлуката на интерно ниво на координативно тело, се изнесуваат ставовите на училиштата и тука се донесуваат одлуките согласно секој ученик, клас, претставник и координативец.

Медиум: Дали професорите им даваат доволно поддршка на своите ученици во протестите против новите образовни мерки? Како тие се справуваат со незадоволството на своите ученици?
Ѓорги: Професорите во повеќето училишта особено во оваа состојба на бојкот се на еден начин поделени околу нивните ставови за тековната состојба. Многу професори сакаат да ја изразат нивната поддршка, но во тајност на многу наши претставници им имаат кажано дека не смеат да го направат тоа најчесто поради причината дека би добиле отказ или во најмала рака би им биле изречени санкции. Одреден дел на професорите отворено нѐ поддржуваат и кај нив има пријави дека се вршени притисоци поради нивната излезеност. Професорите што не го делат нашето мислење и што не би сакале да бојкотираме вршат притисоци со кои се нарушуваат неколку човекови права, но во најголем дел детските права поради поголемиот ефект на притисок кај помладите.

Медиум: Што доколку бојкотот се покаже како неуспешен обид за да се придобие вниманието на министерот кон вашите барања?
Ѓорги: Јас лично, а и верувам дека зборувам за мнозинството на средношколците, не верувам дека еден министер, една институција, смее да остане без став кон нашите барања, особено во време на бојкот кога поголемиот дел на средните училишта немаат настава. Тоа е индиректно наштетување на образованието на Македонија.

Медиум: Според тебе, какви реформи се неопходни за образовниот систем?
Ѓорги: Такви кадешто првично не се скратува правото на избор на ученикот. Реформи неопходни за образованието се тие кадешто имаат глас средношколците.

Репортер: Љубица Николовска,
студентка на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

Read 104 times

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004