Фаца на месецот

Биди новинар и интервјуирај познати личности чиј успех или искуство вреди да се сподели со младата публика.

Снима хумористични видеа, сака глума и не сака да порасне

Изабела Пан

Изабела Пан е студентка по Турски јазик и книжевност, во исто време глуми во Македонскиот народен театар, по кафулињата настапува како стенд ап комичарка и е една од најпознатите македонски Јутјуб блогерки. Нејзините почетоци датираат уште од 2013 година, а за помалку од четири години стекна огромна популарност. На социјалните мрежи има околу 13.000 следбеници, што е еден вид показател за нејзиниот успех.

DSC 0151Емисиите во кои гостува се едни од најгледаните, а претставите од кои е дел-најпосетувани. Себеси се опишува како бушава, позитивна, девојка која сака „дуксери“.

Ни претставуваше огромно задоволство да поразговараме со оваа талентирана млада девојка, која изобилува со позитивна енергија. На нејзиниот фан пејџ на Фејсбук е запишано и нејзиното мото-„Никогаш немој да пораснеш, тоа е стапица“.

Како и дека била дел од претставите „Народен пратеник“, „Госпоѓа министерка“, „Снежната кралица“, „Тага“, „Женска власт“, хуманитарните претстави „Луда куќа“ и „Погрешни подароци“ и други. Неодамна, на свој фан пејџ, го промовираше и својот краткометражен аматерски филм „Хуман“.

МЕДИУМ: Која е всушност Изабела Пан, кажи ни што е она што те инспирираше да започнеш со снимање на видеа и да ги поставуваш на Јутјуб?

ИЗАБЕЛА: Јас сум всушност Изабела Јакимова, 19 годишна девојка од Скопје, која никогаш нема да го изгуби детето во себе, ниту на 70 години. Првично во прашање беше мој сопствен обид за трансформација во повеќе ликови, па така првите видеа беа именувани „Авантурите со близнак“, а потоа започнав и со други на различни теми, како и скечеви.
„Пан” е име од анимираниот лик Петар Пан, кој ми е омилен и чија психологија ја обожувам. Ги знам сите варијанти на ликот, како и целата приказна за него.

МЕДИУМ: Веројатно како и секој почеток и твојот беше тежок ? Но, како стаса до овој степен на популарност ?

ИЗАБЕЛА: Да, почетоците беа тешки, но со силна желба и напорна работа , ништо не е невозможно. Искрено не знам ни самата. Беше навистина неочекувано и изненадувачки. Се сеќавам дека видеото „Турски серии” беше пресвртницата кога започна да расте гледаноста и бројот на следбеници.
Воопшто не планирав да станам јутјубер, сепак најголема желба уште од детството ми беше да станам актерка. И се уште тоа е мојата цел. Јутјуб видеата ми се хоби, кои всушност многу ми помагаат да стекнам поголемо искуство на полето на трансформации.

МЕДИУМ: Што е тема во твоите видеа, дали моменталната состојба во нашата држава има влијание врз тебе при изборот ?

ИЗАБЕЛА: Политичката состојба нема влијае, бидејќи не се мешам во политика. Тема ми е секојдневниот живот на просечниот македонец, балканец, потоа проблеми со автобуси, таксисти и друго.

МЕДИУМ: Дали добиваш негативни коментари и како се соочуваш со нив ?

ИЗАБЕЛА: Секако дека, да. Доколку е конструктивна критика ја прифаќам и се трудам да се поправам, а доколку е навреда или ширење на негативна енергија, едноставно игнорирам.

МЕДИУМ: Освен што имаш свој канал на мрежата Јутјуб, глумиш и во театар. Какво е чувството да газиш на даските што живот значат?

ИЗАБЕЛА: Отсекогаш сонував да станам актерка, а вистинското лице на Изабела може да го видите токму на таа сцена. Студирам на филолошкиот факултет “Блаже Конески”, турски јазик и книжевност. Далечната иднина не ја планирам, оставам едноставно да се случи. Единствениот план што го имам во моментов е да се запишам на Факултетот за драмски уметности.

МЕДИУМ: Дали е тешко да го менаџираш своето време со сите обврски кои ги имаш ? Како го поминуваш слободното време ? Што би им порачала на фановите ?

ИЗАБЕЛА: Кога се сака, би рекла-ништо не е тешко. Слободното време го поминувам во спиење (се смее). На моите фанови, кои ги сакам неизмерно, би им порачала да продолжат да ме следат и да не се откажуваат никогаш од своите соништа.

DSC 0144Филмот „Хуман“ зборува за суровата трговија со луѓе и за предавството

Аматерскиот филм „Хуман“, кој неодамна беше промовиран на фан страната на Изабела Пан, а чиј автор е самата таа, односно Изабела Јакимовска, е во соработка со нејзината екипа од театар и со нејзини пријатели.

Темата, како што објасни самата таа, е суровата трговија со луѓе, доверба и предавство.
-Инпириран е од вистинска случка, која се разбира не е баш таква, нашата во филмот е малку хиперболизирана. Сценариото и режијата се мои, а филмот трае околу 12 минути-раскажа Изабела.

Пораката на краткометражниот филм е младите да внимаваат на кого веруваат, со кого се дружат, потпираат, прифаќаат работа.
На прашањето дали и во иднина размислува да се посвети на снимање аматерски филмови, дали ќе бара спонзори, таа одговори дека има желба за уште еден ваков проект, но не размислувала за финансиска поддршка од страна.

Read 144 times Last modified on Петок, 10 Март 2017 10:51

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004