Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Фаца на месецот

bekaОд неодамна поетеса, одамна актерка, моментално средношколка – тоа накратко ја опишува Изабела Јакимова – Бека. Таа е ново име во македонската книжевност, која само што ја издаде својата прва збирка поезија. Но, иако пишувањето ја исполнува, Изабела вели дека глумата е нејзината најголема љубов. Таа е активен член на драмската секција во Македонскиот народен театар, а веќе четири години и е средношколка во скопското медицинско училиште „Панче Ќараѓозов“.

marija-janevska-pisОд анонимна блогерка која се појави во 2012 година, прерасна во хит на социјалните мрежи. Нејзината фан страница на Фејсбук насловена „Белешките на Лајла Грејс“ за две години собра повеќе од 70.000 лајкови. Љубовните приказни и цитати коишто секојдневно ги објавува се илјадници пати споделени од нејзините фанови. Потенцијалот што го носи нејзината мисла беше награден со тоа што издавачка куќа застана зад неа и сега ја најавува нејзината втора книга.

betmen-velitАко се спомене името на дипломираниот архитект Богдан Илиевски ретко кој ќе знае за кого станува збор. Но, ако се каже Бетмен Велит, тогаш ретко кој нема да знае дека тој е еден од најпуларните македонски „твитерџии“. Горд е на себе поради тоа што е еден од пионерите на глобалната акција за поттикнување на свеста за машкото здравје „Моември“ во Македонија, а од средношколските денови има само убави спомени. За читателите на „Медиум“ Бетмен раскажува за средношколскиот живот и им велит дека никогаш не одел со готов состав на писмена работа по Македонски јазик.

dragan-dac1Актер, советник, а од неодамна и поет. Но, она што најмногу го љуби е глумата, за која смета дека се пронашле еден со друг уште од мали нозе. Неговото последно филмско осварување е улогата во „До Балчак“ којшто тој едноставно го нарекува голем филм. Во разговор со редакцијата на „Медиум“, Драган Спасов - Дац зборува за неговите професионални ангажмани, за почетоците во актерските води, но и за секавањата кои го врзуваат со средношколските клупи.

beni3Еден од најпопуларните рок-пејачи на македонската естрада бил средношколец со сите петки. Бени Шеќири од „Нон стоп“ во интервју за „Медиум“ зборува за идолите на неговата генерација, се сеќава на почетоците од својата кариера и најавува интересни проекти во блиска иднина. Нѐ покани на свирка со неговиот бенд во еден од скопските клубови и воопшто не му пречеше тоа што додека копаше низ сеќавањата, неколку пати го прекинуваа гостите, кои срдечно ги отпоздравуваше.

paulaМинатата недела САД прв пат го прославија Националниот ден за новинска ангажираност (анг. National News Engagement Day). Целта на оваа голема медиумска активност е да се побуди изгубениот интерес на јавноста за вести, особено кај младите, кои според бројните истражувања, се помалку читаат и се информираат за случувањата околу нив.

teodorКако мала сакала да стане космонаут, потоа приватен детектив, сѐ до оној момент кога мистеријата што се крие позади овие професии не ја пронашла и во филмскиот свет. Софија Теодор, која е позната македонска режисерка, актерка, сценаристка и продуцентка, зборува за нејзините идни планови, инспирации како и средношколски денови.

up-bojanКариерата на овој млад господин, почнува да цвета уште од најраното детство. Сите ние го препознаваме како „Ице од Наше маало“, помладите можеби повеќе го знаат како стенд-ап комичар, но сепак тој е едноставниот, дружељубив и ретко сериозен Бојан. Младиот актер за „Медиум“ открива каква публика го следи на настапите во живо.

Petrit-inСарачини: Нашата цел е да се поттикне солидарноста меѓу новинарите
„The Reporters“ е единствен новинарски бенд во светот со авторски материјали

Неговата јасна визија и низата успеси направија  тој да стане синомим за врвен стратег во Европа. Доаѓањето на некогашниот професор по хрватски јазик во „Металург“ значеше испишување нова историја за екипата од „Автокоманда“ и почеток на нова ера за македонскиот ракомет. Иако на тајмаут знае да се налути и да го повиши тонот, неговото име на секој натпревар еднодушно се скандира, бидејќи како што вели и самиот „сака да промовира заедништво“.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk