Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Средношколски конкурс

ALB  ENG

EU IKS MEDIUM LOGOA KONKURS

КОНКУРС
ЗА ИЗБОР НА СРЕДНОШКОЛСКИ НОВИНАРСКИ ТИМОВИ ЗА
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ 2020

„Биди медиумски активен/на“

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги повикуваат средношколците во земјата да се пријават на конкурсот „Биди медиумски активен/на“ (#BeMediActive) и заедно да ја одбележат Европската недела на медиумска писменост 2020. Средношколците треба да испратат предлози за изработка на новинарски приказни што ќе ги продуцираат во партнерство со еден од медиумите во Република Северна Македонија. Предлог идеите за новинарски приказни треба да содржат јасно образложение на одреден проблем со кој се соочуваат младите. Идејата на конкурсот е средношколците да стекнат нови или да ги усовршат постоечките новинарски вештини и преку медиумска поддршка и новинарски обуки, да го свртат вниманието на јавноста и да ги предизвикаат носителите на одлуки за решение на младинските проблеми.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

На конкурсот може да учествуваат сите средношколци од прва до четврта година кои ќе се пријават во тим од четири ученици и еден професор-координатор, сите од исто училиште. Тимовите треба да достават пополнета пријава и писмена согласност од главниот и одговорен уредник на медиумот со кој ќе ја изработуваат предложената новинарска приказна. Право на учество имаат сите радио и телевизиски станици, весниците и онлајн медиумите кои се впишани во регистарот на Здружението на новинари на Македонија. Со согласноста, медиумот ја докажува волјата за приклучување кон одбележувањето на Европската недела на медиумска писменост 2020. Медиумот треба да назначи искусен новинар кој ќе работи со учениците, ќе го следи процесот на продукција на тимот и ќе ја објави нивната сторија во март или април 2020.

Еден тим може да поднесе еден предлог. Од едно училиште може да се пријават повеќе тимови. Еден професор/ка може да биде координатор/ка на повеќе тимови од исто училиште.

ИЗРАБОТКА НА НОВИНАРСКИТЕ ПРИКАЗНИ И ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

На конкурсот ќе се изберат шест тимови чии приказни треба да се испродуцираат до 13 март 2020 г. Форматот на приказните треба да биде соодветен на медиумот-партнер (радио или телевизиски прилог, статија и/или мултимедијална сторија). Новинарските приказни може да бидат на јазиците што се употребуваат во Република Северна Македонија.

За сите учесници во тимовите и за новинарите од медиумот-партнер, ИКС како организатор на конкурсот, ќе организира еднодневни работилници на кои ќе се детализира изработката на приказната: утврдување на изворите, собирањето на податоците, теренското истражување, форматот и должината на новинарската сторија, планот за продукција и објавувањето. Учениците сами ќе ја продуцираат приказната (со мобилни телефони). Медиумот-партнер ќе им пружи менторска поддршка преку новинарот кој ќе ги следи и насочува во нивната работа.

ИКС ќе ги организира обуките и ќе ги покрие патните трошоци за учесниците на обуките. 

  • Секој средношколски тим ќе добие 400 евра во денарска противвредност за трошоци за продукција и работа на терен.
  • Секој новинар од медиумот - партнер ќе добие 200 евра во денарска противвредност за менторската улога при продуцирањето на приказната.

Сите новинарски приказни, освен што ќе бидат објавени во медиумите, ќе се презентираат и на дебата како завршен настан којшто ИКС и Делегацијата на Европската Унија ќе го организираат на крајот на март 2020 г. во Скопје и ќе биде дел низата настани што Европската комисија ги организира во рамки на Европската недела на медиумска писменост.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ

Идеите за новинарски приказни треба да прикажат проблем, појава и нужност за промена што им е потребна на младите. Учениците треба јасно да посочат како тој проблем се рефлектира на квалитетот на животот на младите, кои се причините што доведуваат до него и каде го гледаат решението.

Предлогот може да опфати различни области: средно образование, локален младински проблем, младински иницијативи и активизам, (не)почитување на правото на здрава животна средина, екологија, култура и можности за културно изразување на младите, младите и медиумите, социјална и здравствена заштита, спортот и младите и сл.

Оттука од исклучително значење е содржајноста и аргументацијата на проблемот и јасноста на пораката што треба да ја испратат средношолците со нивната новинарска приказна. Предност ќе имаат предлозите со оригинална идеја и изразената волја за примена на истражувачки новинарски техники.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите треба да пополнат Пријава, Согласност од главниот и одговорен уредник на медиумот-партнер што ќе ги достават на е-адресата medium@medium.edu.mk најдоцна до 16 февруари 2020 г.

СЕЛЕКЦИЈА

Селекцијата на шесте предлози за новинарски стории ќе ја врши петчлена комисија, составена од тројца претставници на ИКС, еден средношколец и еден професор/ка кои биле активни дописници на средношколскиот весник „Медиум“ во последните 4-5 години.

Резултатите за избраните учесници ќе бидат објавени на веб страницата www.medium.edu.mk на 19 ти февруари 2020.

КОНТАКТ

Александра Теменугова, temenugova@iks.edu.mk, medium@medium.edu.mk, 02 30 90 004.

ПРЕЗЕМИ ГИ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

ПРИЈАВА

СОГЛАСНОСТ ОД ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРНИОТ УРЕДНИК НА МЕДИУМОТ - ПАРТНЕР

 

ALB  ENG
Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk