Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Ana GeorgiDimitrovИднина. Зарем не е тоа она кон кое копнееме, кон кое со секој изминат ден, секоја измината минута, секоја секунда чекориме? Без разлика на сегашноста, секогаш останува надежта за некое подобро утре, која нè тера да продолжиме да се бориме.

Мене, на неполни осумнаесет години, ме боли иднината. Ме јаде стравот од тоа што може да биде. Како матурант сè повеќе ме притиска прашањето: „Што по завршувањето на средното образование?” Сакам да студирам македонски јазик и литература. Кај малкумина наидувам на разбирање, а мене, пак, разбирливо ми е нивното неразбирање. Во момент кога речиси секој ја гледа иднината каде било само не во земјава, во момент кога речиси секој го велича туѓото и му завидува, а се срами од своето, се наоѓа некој „паметен“ што сака животот да му го посвети на јазик кој е „во изумирање“. Во главата ми одѕвонуваат зборовите на моите родители: „Размисли убаво Ана, нема иднина од тоа“. Нема иднина!? Каде одат тогаш сите желби и мечтаења, сите планови и целиот вложен труд за таа светла иднина!? Душата ми се дроби, ми се пара на најситни парчиња. „Нема иднина тука“ - сè почесто се случува да слушнам од некој другар кој со радост зборува за успесите кои би ги постигнал некаде надвор, некаде каде што би можел да го даде својот максимум и каде што би бил ценет за тоа, некаде каде што би бил сè она што не може да биде и што нема можност да го направи тука. Но не се виновни тие што се обидуваат да ги исполнат своите желби и да ги докажат своите квалитети. Главниот виновник е општеството кое не им нуди сигурна иднина на своите млади. Виновно е општеството кое направило сè за да нѐ оддалечи. Виновно е општеството кое нè деградира и уназадува. Виновно е општеството кое „се коцка“ со својата иднина. Виновни сме сите ние, сите кои сме дозволиле да дојде до ова ниво, кога секој чекор назад е несигурен, а напред уште понесигурен...

Ова не се мои, лични зборови, ова се зборови на револтиран средношколец, кој е незадоволен од она што е сега и уште понезадоволен од она што го чека, ова се зборови на очаен студент кој стравува за својата егзистенција од професијата која го исполнува, ова се зборови на пожртвуван родител кој со засушени солзи „го турка“ од себе своето најмило од страв да не „заглави“ тука. Одлуките се нешто свое, поединечно и индивидуално. Тежината на личните одлуки е огромна, затоа што како такви тие ја креираат иднината на нешто многу поголемо, на нашата татковина.

Ана Николовска, четврта година во СУГС „Георги Димитров“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk