Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

JAS MISLAM VAKA Ivana Krstik Orce NikolovfПотфрли македонското образование, на истиот начин како што потфрливме и самите ние, директно инволвирани во тој процес на учење и градење на индивидуи. Се измести очекувањето дека сето она што е напишано набрзина во милион стратегии и програми, на нас учениците ќе ни овозможи да се разбудиме со критички став. Да ја осознаеме важноста на восприемање на информациите кои ги добиваме, особено од медиумите, и да бидеме способни да дејствуваме на начин кој ќе покаже дека сме зрели во тоа поле.

Дека како млади сме навистина подготвени да создадеме критички став, нешто што ќе биде наше оружје и понатаму во животот.

Еден од најважните, ако не и најважен фактор кој придонесува за негово создавање е медиумската писменост, која треба да биде дел од формалното образование.

Кај нас, во Македонија, се добива впечаток дека во образовниот систем има толку многу недостатоци и недоработени точки, па кога зборуваме за медиумска писменост само ставаме запирка и ја продолжуваме листата понатаму. Се добива впечаток дека само поради општа задолжителност ќе се појави некој предмет кој ја обработува оваа тема, ќе се развие некоја дебата, ќе се истакне потребата да се перципира независно и критички една порака која допира до нас од различни медиуми и толку. Тоа, за жал, е реалната состојба.

За да се подобри состојбата ни требаат многу нешта, а пред сѐ ни треба „рестарт“. Да застанеме, да видиме до каде сме, колку грешки се направени досега и каде се наоѓаат младите во фокусот на тие грешки. Да се обидеме да најдеме одговор колку потиснувањето на медиумската писменост во секторот образование трагично ќе влијае врз процесот на создавање граѓани во вистинска смисла на зборот, граѓани кои црпат најмногу што можат од демократијата како систем, и ја користат за остварување на своите мерливи желби и потреби. Но пред сѐ, ни треба одговор на прашањето зошто несериозно се третира оваа тема ако знаеме какви бенефиции подоцна може да му донесе на целото општество?

Јас неминовно сум сведок на стратегии и проекти кои се планирани во тој контекст. Ама не можам да се сетам кога вистински сум почувствувала дека тие допираат до мене и успешно си ја „завршуваат“ задачата.

Тоа не би било така кога компјутерите, кои се форсираа како значајна реформа што ќе ни го олесни процесот на учење, навистина ќе се усогласат со целиот концепт на образовниот систем и ќе се стават во негова функција. Кога професорите нема да се заглават со задолжителното остварување на ИКТ-технологија, бидејќи и покрај тоа што даваат сѐ од себе, знаат дека ниту имаме услови, ниту сме подготвени овој систем да профункционира кај нас. Не би било така кога кадрите ќе бидат обучени за работа со технологија. Сето тоа има врска со медиумската писменост во Македонија и со нејзината инклузија во нашите втори домови - училиштата.

Освен во неформалното образование, кои се другите опции што ни преостануваат, каде да бараме други методи на задоволување на нашите потреби за информираност, дебата, критички став, користење на технологијата како примарен фактор за развивање на свеста, не би знаела да кажам.

Верувам дека најголемите бенефиции што ги добив од средното образование беа токму тие што од неформалното образование црпев што можам за да ги надополнам грешките и пропустите во формалното. Во средно научив што сѐ не можам да научам на час, и побарав друга алтернатива за истото. Во задоволителни мери, успеав да пронајдам, но лутината за фактичката состојба секогаш останува иста.

И знам дека во догледно време состојбата нема да се промени, може само да ме поттикне да бидам дел од оние креатори на промените. Промени во формалното образование и вистинско изучување на медиумската писменост како важен дел од него.


Ивана Крстиќ, четврта година во СУГС „Орце Николов“, Скопје

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk