Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

JAS MISLAM VAKA FilipfПовеќето од индивидуите се заробени во занданите на општествената немилосрдност и непокорните доследни следбеници на патријархалната „забуна“ во која живееме, но згора на сѐ и со гордост ја полеваат конзервативноста врз нашите мозоци. Најчесто тие се личностите во кои домашните сакаат да нѐ идеализираат и насликаат во иднина, а воедно и да нѐ вклопат во строго утврдената рамка на општествените бунила.

И во моментот кога се затвораш во соба и го пушташ омилениот бенд за да ги прикриеш звуците од серијата на мајка ти, почнуваш да се задлабочуваш во своите мисли и во моментите на бура во твоето главче почнуваат да се прилепуваат мислите преточени во калеидоскопи на чии маргини се врежани свесно дискриминираните ставови и размислувања произлезени од умот на младиот дух. Во таква состојба на екстаза, подготвен си за спротивставување насочено кон патријархалните принципи и искажување на желбите и ставовите, но само доколку не би надвладеал антагонистичкиот страв во тебе. Се наоѓаш и ти заробен заедно со неколкумина истомисленици во рудиментирани пранги, а за ослободувањето од истите сте присилени на прифаќање на нормите и правилата кои се диктирани уште од времето на дедо ти. И сепак, мора да се приспособиш пред да кажеш што било, во спротивно ќе бидеш обвинет за неразбирање на светот.

Секојдневно во добро познатите термини ни ја инјектираат промовираната доза на пресни случувања претскажани низ објективите со лошо камуфлирани морали, од кои продираат токсичната омраза и дискриминацијата, а отспротива седнати во фотелја „оние кои го разбираат светот“ без спротивставување се согласуваат со сѐ што ќе слушнат. Така, најголемите егоисти ни предаваат алтруизам, а иморалистите морализам. Па, ти повеќе не знаеш што е точно, ни што реално. Пет дена во неделата ги поминуваш во слушање предавања и слепо следење на правилата кои ни ги наметнуваат. Истите тие пет дена „бубаш“ лекции и дефиниции до точка од застарени учебници кои те водат до ограничување на твоите имагинарни способности, и повторно од почеток сѐ додека не те изделкаат во обичен смртник, кој подоцна ќе биде заборавен. Но не си подготвен, сѐ уште не си подготвен да станеш убиец на твојот сон. Со фенер во ноќта го бараш патот кој ќе те однесе до остварување на сонот, а ти не го препознаваш, немаш поим дека, всушност, си на него, не го замислуваше вака. На истиот среќаваш панкери, рокери, уметници, атеисти, анархисти кои порано беа само причина за презирање. Се оспособуваш да избираш помеѓу нешто на коешто никој порано не те предупредил. Колективизам или индивидуализам? Конзерватизам или модернизам? Либерализам. Анархизам или тоталитаризам? Космополитизам.

Насекаде околу тебе одекнуваат гласовите кои ти велат: „остави си ги соништата и следи го принципот за да можеш да заработиш“. И да, зошто да го работиш тоа што го сакаш доколку не би ти донело поголем профит?

Па свесно или не, своеволно или под притисок запаѓаме во дупка со бесконечен мрак, каде што студот предизвикува грчеви на нашите мускули и ни ја оневозможува реинкарнацијата на здравиот разум. А само неколкумина од нив ќе се претворат во феникси и ќе ги достигнат височините, внатрешни или надворешни, и само неколкумина ќе ја пронајдат нирваната во себе.

А ти, како сѐ уште да слушаш гласови? Да, тоа е гласот на мајка ти од дневната соба, која вели: „намали го звукот, ѝ пркоси на серијата“. Со тоа ќе си ги намалиш и мислите во твојата глава. Вака ли ја замислуваше реалноста како мал?
Го испи ли реалноста твојот сон?

Автор: Филип Ѓоргиев, ученик во СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk