Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

VovednikЖивееме во време на постојани промени, многубројни турбуленции, нови откритија, постојани предизвици.

Секој ден се соочуваме со нешто ново, некое ново технолошко достигнување кое досега ни било непознато, а отсега би требало да ни го олесни секојдневниот живот. Се прашувам, можеме ли да бидеме во чекор со сето тоа? Каде се младите во целава приказна? Технолошките иновации најмногу и најпрво допираат токму до нив, но се чини дека тие не одат чекор нанапред.
Ако фрлиме поглед на тоа какви беа младите порано согледуваме дека Интернетот и социјалните мрежи не играа главна улога во нивното секојдневие и младите не беа своевидна жртва на технологијата. Имаа поинаква претстава за животот, поинаков пристап кон светот и кон сопственото образование. Порано младите се образуваа преку збор, преку книгата. Имаа желба да читаат, размислуваа и ги искажуваа сопствените мисли и ставови. Дебатираа, аргументираа и накрај заклучуваа.
Меѓутоа, денес сликата е сосема поинаква, пред сѐ кога станува збор за нивниот пристап кон образовниот процес. Се чини како да им недостига сопствено размислување, самите може да донесат само некаков блед заклучок. Употребуваат готови реченици, „размислуваат“ водејќи се од мислењето и ставовите на некој што тоа веќе го објавил на Интернет итн. Зарем тоа не е поразително?
Да, имаме ситуација на пребарување на Интернет наместо сопствено размислување, туѓи размислувања наместо развој на сопственото критичко мислење. На сметка на тоа согледуваме недостиг од реченичен фонд и неможност за стилски обликувани изрази.
Сведоци сме дека ваквата ситуација бара да се преземе нешто, да се направат некакви поразлични чекори во образованието.
Многумина можеби ќе мислат дека треба да вратиме назад кон оној, како што го нарекуваат, конзервативен и примитивен принцип кон восприемање на знаењата. Некои, пак, можеби ќе сакаат да се продолжи напред, но технологијата и сите можности кои ги нуди таа да ги искористиме на вистински начин.
Зарем образованието треба да биде инструмент на технологијата?

Елена Сарафиновска, професорка по македонски јазик и литература, СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk