Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

JAS MISLAM VAKA SANJA Kiril i Metodij NEGOTINOДа се биде професор некогаш било чест, се сметало за благородна професија кон која се стремеле многу од интелектуалците. И денес е така, но не за сите. И денес образовниот систем постои, но не е ист.

Клупите се полни - училниците се празни, резултатите од тестовите се одлични - знаењата се нестекнати, просекот совршен - наученото е веќе изветреано. Трудот што треба да го вложиш во текот на една учебна година на крајот се сведува на екстерно тестирање за кое имаш стотици прашања, а резимето на целокупното четиригодишно образование е државната матура. Тестирање за кое главното правило гласи: „снајди се колку можеш“.

Учебниците, пак, се полни со грешки, а некои од професорите кои треба да те научат нешто се полни со погрешна самодоверба која од нив како да говори дека не се должни да шират знаење. Рака на срце, секоја чест на исклучоците. На вистинските професионалци кои ѝ се посветени на работата, на професорите кои се приспособиле на промените и успеваат да ги пренесат основните знаења и покрај тоа што за некои од нив нема место во новите наставни планови.

И не, авторитетот на наставникот не е загубен, иако денес неретко се зборува дека поради изместените вредности во општеството и тој е изгубен. Постојат луѓе кои си ја сакаат и си ја вршат работата и ја заслужуваат титулата професор. Таквите ќе останат запаметени по почитта кон нив, по знаењата и вредностите кои ги пренеле.

Сега кога сум на крајот од моето средно образование, а набргу ќе бидам на почетокот на студиите во високото, останувам со искра надеж дека ситуацијата ќе се промени. Дека идните генерации ќе имаат поквалитетно образование и повеќе авторитетни личности кои ќе им го пренесуваат знаењето, она што треба секогаш да нѐ поврзува со нив.

Сања Срњакова, четврта година во СОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Неготино

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk