Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

jas mislam vaka ana trifunovaАна Трифунова, СОУ „Ванчо Прке“ - Виница

Критички фактор за успех. Или успешен фактор за критика. Не многу позната или важна дефиниција, дали некаде запишана или само непишано правило по кое хомосапиенсот може да избере дали да се води или не.

Токму како што споменав „да избере“. Ах, тој избор. Познато е дека со секој избор носиме последица. Дали воопшто општеството во кое се градиме ни дозволува да имаме избор? Дали е толку тешко да се запрашаш себеси - кој најмногу би требало да го познаваш, што е добро за тебе, а што не? Одговорот е директен и едноставен. Да. Многу тешко. Со големо извинување до сопствената емоција и до самиот „Јас“. А со благо наклонување и таен презир кон сите што ги знам и што ме знаат. Сакам да ве поттикнам да размислувате надвор од кутијата, надвор од наводните етички норми, коишто, треба да ги почитуваме за да не добиеме „казна или санкција“ можеби од нацијата, некоја институција, па и останатите хомосапиенси околу нас. Сите што ќе ја прочитате оваа „исповед“ запрашајте се колку сте благодарни на самите себе за вашиот личен избор. Не зборувам за оној избор: кафе со или без шеќер, ајфон 6 или 7, со или без шминка. Зборувам навистина за неговото височество ИЗБОРОТ. Она вистинското да се биде или не. Извинете за директноста на прашањата и валканата искреност...Да бидеш она што си (мислам на хомосексуалец, хетеросексуалец или некој друг) или не? Да знаеш кој си, кои се твоите апсолутни желби или не? Да бидеш причина за гордост, глас и пример или не? Да се биде позитивен или не? Да се изгради или да се уништи? Ако земеме здраво за готово и ја вмешаме и темата за апсолутната вистина и доколку како таква се смета за вистина, дали можеме да дојдеме до заклучок дека апосолутниот избор зависи од нашата апсолутна искреност ? Истакнувањето на двете: изборот и вистината е вистинскиот одговор на она што сме. Не треба да застанеме пред толпа луѓе и покажеме кои сме...знаете сите со различни хромозоми и различни движења на енергиите кои ги имаме во нас. Наспроти тоа, потребно е да застанеме пред огледало, да застанеме пред платното на кое се режира сопствениот филм. Спротиставувањето на работите кои самите нас не нѐ градат и прегрнувањето на сите оние кои ни прават да сме горди на личноста која ја посакуваме (нашата) ќе направат aпсолутната vистина и aпсолутниот iзбор да бидат едно, односно да бидеме ние. Парадокс на животот и иронија на одлуките. Пишуваме искрени ставови и идеи, но под псевдоними. Ја следиме бизарната мода само за да сме во тренд. Добивме нешто? Капнува некој денар или можеби дојдовме до степен на „Нирвана“ ? Ништо. Нула. Само луѓе со маски позади кои се кријат умови, претприемачи, идеалисти, лидери и по некој политичар. Избор имаме секогаш, секаде, со секој. Само треба да ги отвориме очите ширум и да се запрашаме тешки прашања кои водат до сигурни чекори. Тргни го превезот, ако сакаш да го видиш она величенственото ИЛИ и да заокружиш помеѓу А) и Б). Знам, чудно е затоа што пак ќе бидеш оценуван, но овој пат оценката во индексот зависи од твојот избор. Со тоа што ќе го цениме нашиот квалитет на избор, си даваме значење и став кај другите. Да не престануваме со нашите избори, а во меѓувреме да не се интересираме за празноглавите муабети кои немаат основно право да бидат споменати. Исто како и секој од нас, исто како и Ти, јас имам избор да завршам овде...

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk