Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Jas mislam vaka Ivona MarkovskaИвона Марковска, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Битола

Живееме во општество и култура каде секој носи по илјадници маски на лицето, секој поединец го има изгубено своето вистинско битие, како последица од тоа да биде совршен. Средината која не опкружува од секој од нас создава понекој монструм кој уништува нечии соништа. Децата во училиште не одат со насмевка, средношколците не излегуваат од дома со сјај во очите, бидејќи се плашат што ќе им кажат денес. Дали ќе ги наречат неписмени поради лоши оценки  или пак другарчињата ќе ги исмеваат и одбегнуваат зошто се различни ? Или поради поголема килажа, можеби и помала? Секојдневно секој од нив ќе се збогатува со уште по едно име од оние „најпаметните“ во околината?

Совршенство постои, а тоа си токму ти. Во никој случај не смееме да дозволиме да бидеме угнетени, да го загубиме она што не прави посебни, бидејќи ако нешто што човек поседува и е вредно, во вистинска смисла на зборот, тоа е неговото вистинско битие. Тоа битие ги вклучува сите предности, недостатоци, маани, доблести.

Ниту еден родител, исто така и ниту едно дете не сака да биде исмеано, да биде дискриминирано. Мислите дека тие секојдневни навреди не oставаат вечен белег врз детето?  Токму во годините кога тоа се гради како личност, врсниците кои себеси се сметаат за „подобри“, му го уништиле секој сон, cекоја желба, можеби и сите желби за да биде успешен. Знаете оние кои учат се бубалици...

Доколку јас со моите 15 години можам ова да го гледам и да сакам да го променам, зошто вие не би сакале?

Ајде да започнеме уште сега!

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk