Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Jas mislam vaka ivana kunovskaИвана Куновскa, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, Битола

Ѕидови околу нас. И секогаш се четири. Се движиме во тој заграден простор кој ни создава чувство на безбедност, сигурност и недопирливост. Тие се тука, некогаш да ја потенцираат нашата осаменост, или да не заштитат од стравот да бидеме дел од големиот простор, од булеварите, авениите и плоштадите кои се ничиј или сечиј простор.

Моите  ѕиидови, сеедно колку стари, сведоци се на моето растење, на моите големи и мали тајни, на успеси и падови. Со оглед на многуте станари кои минале тука, сигурна сум дека кријат нешта кои се потешки и од нивната столетна старост и нивната тежина. Претпоставувам дека сите ѕидови се всушност волшебен круг во кој се случуваат големи љубови, разделби, семејни драми, а толку малку радости. Кога би проговориле сигурно би ја осудиле човековата себичност, кратковидост и неумеење да се радуваме на секој нов ден кога се будиме. Би ни кажале дека се оптоварени со нашите судбини, често колку и ние самите. Дете, на ѕидот, го наслика својот детски сон: птица во лет и безброј шарени цветови. Се радува тоа, се радува и ѕидот. Другото, го истури својот бес врз ѕидот, а тој не возвраќа, но го боли секоја драсканица.

Повредени се и големите ѕидови низ градот со графити. Но, имајте почит кон нив. Тие се големата уста на неизживеаната, несфатената младост, на протестот и револтот. Тие се борци кои опоменуваат на цел глас за да можат да чујат и видат оние кои немаат ни очи, ни уши за она што го мачи младиот човек  во новото време. Сепак, сите ние, навечер ќе го побараме мирот и нашето топло легло во тој „квадратен“ круг. Но, ѕидовите како мудар старец и понатаму продолжуваат да молчат и заедно со нас да го носат товарот на  времето.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk