Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Izabela Jovanova Jas mislam vakaИзабела Јованова, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, Штип

Искуствата се тие што остануваат во нашето сеќавање. Постојано се стремам да учествувам на натпревари, кампови и најразлични секции преку кои ќе можам да се надоградам како ученик. Секој средношколец талка по портали барајќи привлечен проект на којшто може да учествува. „Медиум“ ме пронајде мене и останати 29 средношколци ширум Македонија и ни дозволи да бидеме дел од средношколскиот камп за медиумска писменост.

Едно од најубавите искуства за мене беше присуството на летниот камп за медиумска писменост месецов во Штип. Преку четиридневна дружба го исцрпивме максимално знаењето на предавачите, а тие нашиот максимален потенцијал. Научивме да се информираме точно преку медиумите и да ја препознаеме пораката која ни ја испраќаат истите. За ментори и предавачи имавме професионалци во својата работа – новинари, фотографи, монтажери, камермани. Секој од нас, учесниците, се пронајде на различно поле. Дел правеа фото стории, дел беа пред камерите правејќи репортажи, а дел зад камерите се трудеа да вклопат сѐ во едно.

Предавачите ни покажаа само дел од нивната професија и не заинтересираа да дознаеме повеќе за истата. Не знаеме со сигурност на кое поле ќе ја градиме нашата кариера, но тие нѐ поттикнаа да размислуваме еден ден да бидеме дел од нивниот тим. За краток период со огромна помош научивме како да пишуваме новинарски текст, како да снимиме телевизиски прилози, да креираме фото стории и како се тоа на крај можеме да го вклопиме или монтираме во една емисија. Така проектот го завршивме со нашата средношколска емисија „Прозорец“.

Но, овој камп нам не ни значеше само медиумско описменување, туку и дружење со средношколци од цела Македонија со кои ги споделуваме истите животни стремежи. Разменивме телефонски броеви, споделивме знаења, се дружевме постојано и направивме планови за наши понатамошни средби. Кампот мене ми беше место за нови пријателства. Ги покажавме нашите најдобри квалитети и со заедничка соработка научивме и се разделивме медиумски побогати, пописмени.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk