Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Stanisa Stankovic Jas mislam vakaСтаниша Станковиќ, ОСМУ "Д-р Јован Калаузи", Битола

Секоја личност, барем по едно нешто е поразлична од останатите.

Но тоа што не дели и не прави сосем поинакви, всушност не прави совршени од одреден аспект.

Совршенството значи најголемиот успех што ќе го достигне во животот еден човек - лидер.

За да се постигне успех, личноста треба да има јасни намери, отворени мислења и конкретни цели со што ќе го докаже своето лидерство, своето совршенство.

Во денешно време развојот на личноста започнува уште во средношколските години. Јас и моите генерациски врсници формираме одредени намери и цели каде што заедно со нив се движиме во животот. Ние поставуваме темели на патеката и над неа чекориме самоуверено, храбро и се справуваме со секоја препрека од страна луѓето, луѓе кои мислат дека со еден потег ќе не сопрат на патот кон успехот. Иако после нивната моќ на ограничување, само неколку од нас храбрите продолжуваме понатаму, ние се бориме за нашиот живот даваме секакви напори да го допреме врвот. Бидејќи глетката од врвот за нам значи достигнување на замислената цел.

Драги средношколци, познаници и пријатели нека градењето темели на успехот ви започне уште во младата возраст. Остварете ја вашата желба, изградете успех и достигнете ја целта. 

Според мене достигнувањето на целта е гаранција за почит и достоинство што следи по изминатите успешни години!

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk