Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Ivona Markovska Jas Mislam VakaИвона Марковска, СОУ „Јосип Броз Тито“, Битола

Биди одличен со сите петки за да знаат дека учиш, биди фит за да не те исмеваат, не зборувај многу бидејќи ќе те сметаат за досаден, немој да кажуваш што мислиш бидејќи незнаеш како ќе реагираат останатите, ако си со послаби оцени- книга не фаќаш, ако пушиш цигари -фамилијата ти се рапаѓа, ако слушаш турбо фолк музика тогаш си сељак, ако излегуваш во парк друштвото ти е катастрофа, ако ја исфарбаш косата -кај ти бил паметот, ако молчиш тогаш си срамежлив, ако се сметаш себе си во нешто успешен тогаш си нарцис, ако зборуваш со професорот настрана од часот тогаш бараш оцена, ако кажеш добар ден на постар човек тогаш сите те гледаат како да си вонземјанец, ако учиш си бубалица, ако не учиш си тиквар.

До кога? До кога стереотипот ќе ја крие вистината? До кога ќе носиме самите заклучоци за туѓите животи? До кога ќе се грижиме кој што мисли? До кога ќе треба да се натпреваруваме со стандардите кои сами ги поставуваме?

Молчи за ова, не зборувај за она, ќе помин утре, ќе заборават за месец... Секој ден минимум по еден млад човек од дома излегува со страв, со страв од ова општество кое сами го создадовме. Зошто? Бидејќи врвните, дипломирани критичари- луѓето ќе кажат денес нешто, кај нив нема да биде земен в предвид фактот дека ти си се трудел да не бидеш критикуван. Тие кои зборуваат и судат, нема да речат:„ Ти учеше за тестот една недела, но паника те фати и доби послаба оцена“. Нема да кажат ни дека ти си среќен и се чуствуваш удобно со фарбана коса, широки пантолони и голем дуксер, нема да ти речат: „Немој да пушиш цигари“ бидејќи пред тебе ќе молчат, собираат материјал за да зборуваат со останатите. Каде е тука човештвото? Каде е тука разбирањето и почитувањето? Каде е изгубена подршката? И да ова вака до сега како текст звучи одлично, вистината пред нас, но ова мене сега не ми се случува нели? Зошто јас да се грижам за нечиј друг живот? Ама кога ќе дојде до нас самите, тогаш нас не боли и тогаш почнуваме да плачеме и да се жалиме од овој свет, живот, култура, општество, се до тогаш, се е подмачкано, полно-рамно, блескаво, а што ние користиме во секојдневниот говор, што мислиме, што кажуваме тоа нема удел во ова , така?

Секој човек во ова исфорсирано општество и култура, безразлика дали е млад или возрасен има удел во оваа ситуација, во оваа трка која сами ја созадовме. Почнувајќи од домот, звршувајќи во институциите, секој од нас е исто заслужен за секоја солза на секое дете пролеана поради стандардите поставени од некој. Сега се изгледа невозможно и како тука да е крајот, направивме што направивме, создадовме чудовишта наместо луѓе, стандардите ги кренавме до плафон и мораме да ги живееме последиците од тоа што го создадовме, и тоа е точно, мора да го живееме она сами што го изградивме, но можеме да се поправиме, така што би подале рака барем на еден човек, така што би се воздржале од непотребен коментар за нечиј изглед, така што би понудиле помош за некој да ги поправи отцените, иако тие не се мерило за ничие знаење, така што не би се плашеле да го правиме тоа што го сакаме. Сметам дека секој млад човек има доволно капацтет да создава и твори, да си обезбеди себе си пат по кој тој сака да се движи, и ние, секој од нас сме должни да му оставиме простор на секој од нас да порасне во најдоброто од себе, а не да бидиме планина која ќе ни пречи да направиме чекор.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk