Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Берат Ахметај, СЕТУ „Михајло Пупин“, Скопје

Првото што сакам да го кажам е дека ми беше (и се уште ми е) што сум дел од  "Медиум“. Благодарен сум што постојат организации како што се Институтот за комуникациски студии, а порано Високата школа за новинарство и за односи со јавноста кои ги поддржуваат креативното мислење и амбициите на младите. Со ваквите напори овие организации пред се ја промовираат современата култура во со интересни идеи. Со помош на училиштето СЕТУГ „Михајло Пупин" јас и мојот тим создадовме видео во кое пораката дека сакаме да живееме во чиста околина ја раздвоивме во три сегменти: 1. Проблемот, 2. Причината и 3. Решението. Се фокусиравме повеќе на визуелните елементи со цел да биде јасна и разбирлива за секого.

Како голем предизвик беше критериумот според кој видеото требаше да трае до една минута, но тоа пак нè предизвика да размислуваме на креативен начин, да размислуваме поинаку и да прикажеме одредена идеја во кусо време.

Морам да кажам дека бев пријатно изненаден на денот на доделувањето на наградите од конкурсот „Изрази се преку медиумите“ кога ги видов и другите, мошне креативни производи и на другите ученици кои исто како и јас и мојот тим, конкурирале. Среќен сум што видов дека има ученици кои се грижат за животната средина и таа нивна грижа ја изразуваат на креативен начин. Гледам дека сите сме сфатиле дека во реалноста мора да дејствуваме брзо за да ги решаваме проблемите кои сите не засегаат.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk