Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Сара Николова и Викторија Панова, СОУ „Гоце Делчев“, Велес

Сте се запрашале ли некогаш кои се најголемите виновници за уништувањето на природата, воздухот и водата? Зошто нашата земја е една од најзагадените? Дали постарите имаат вина за за недоволно развиената еколошка свест кај младите? А што можеме ние, помладите да сториме за да живемее во чист животна околина?

Секој од нас има право да живее во здрав и чиста животна средина. Но, жителите во мојот град, Велес, чинам дека не размислуваат многу за тоа. Напротив, придонесуваат во загадувањето. Воздухот е загаден од секојдневната употреба на автомобилите, големиот број на фабрики создадени од луѓе кои сакаат да направаат брз профит. Притоа, не размислуваат дека со тоа ја уништуваат природата и штетат на нивното здравје. Не гледам кај нив ни голем интерес за учество во еко акците спроведени во нашиот град. Постарите не размислуваат толку за тоа, но ова што тие го прават денес, ќе се одрази на нашето утре.

Сепак светот на нас младите останува. Доколку сакаме да живееме во чиста животна средина мораме сами да го спроведеме тоа. Ние можеме да придонесеме на различни начини: да учествуваме во еко-акциите во нашите училишта, паковката од кроасанот може да постои во нашата рака додека да стигнеме до корпата за отпадоци... Барем денес постојат различни начини да се каже својот став. Јас ја искористив можноста тоа да го сторам преку средношколскиот конкурс „Изрази се преку медиумите“ и весникот “Медиум“. Со мојата другарка и соученичка, и Викторија Панова размислувавме како да испратиме порака дека е време да се вклучи алармот за големото загадување, особено кај повозрасните. Очекувам дека пораката ќе ја разберат и помладите од нас. Оти ако и тие не преземат нешто за многу кратко време, нашите стравови ќе станат реалност. Воздухот ќе биде загаден до тој степен што луѓето ќе мора да шетат со маски. Тој начин на живот ќе биде навистина тежок. 

Како и сите ние, така и природата бара љубов и внимание. За возврат таа ни дава чист воздух. Секој треба да се потруди да го направи првиот чекор и да започне да се грижи за природата. Природата има свој јазик на кој ни зборува. Но, најчесто не сме доволно тивки за да ја слушнеме нејзината приказна. Нашиот град има потреба од побудување на еколошката свест, но и од преземање мерки од одредени институци за чиста животна околина. Затоа, разбудете ја еколошката свест, мал чекор од секој од нас, еден голем чекор за природата. Бидејќи секој од нас има право да живее во чиста животна средина.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk