Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

bojan kitanovicБеше студен мајски ден и часовниците отчукуваа 25 часот. Да, добро прочитавте. Дваесет и четвртиот час е толку старомоден веќе. Сите живееме еден час понапред. Трчаме низ нашето сиво секојдневие. Градите ни се полнат со воздух. Црвенилото полека доаѓа до образите. Солениот вкус на потта е измешан со малку надеж и доза на разочарување.

emilija velickovskaСекој од нас на свој начин ги исполнува своите морални должности и на карактеристичен индивидуален начин се искачува по скалилата на животот. Треба да умееме да се соочиме со сите нешта низ кои треба да минеме во тек на животот, треба да најдеме сили во себе кои ќе нè водат напред и со кои ќе успееме да останеме победници во животната игра.

Доротеа Огненовска, СУГС Гимназија. „Јосип Броз Тито“ Скопје

jas mislam vaka doroteaСтварно не знам што се случува со градов. Чувствувам како го проголтал секој човек, кој стапнал на неговиот свод. Отсекаде се појавуваат нови нешта. Воопшто не им го знам изворот и редоследот. Лево или десно, напред или назад.

Јоана Тренеска, матурантка во „Орце Николов“ Скопје

joana slikaНа матурантиве веќе не е во мода да им се постави прашањето: “Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?”, туку директива се оди на: “Тука или странство?” Ако одговориш УКИМ, следува кисела фаца и нажалени очи велејќи: “Се гледаме на каса во некој супермаркет”. А ако спомнеш некоја некоја друга држава, било која, дали Германија дали Катар исто е, и некое фенси универзитетско име, добиваш воодушевени, занесни погледи.

Тони Аврамов, професор во гимназијата „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија

vovednik toni avramovЧекорот кон иднината е чекор на прифаќање на неизвесноста и сè она што ќе ја зачини нашата потреба. Но иднината се храни од нашата глад кон знаења, откривања, создавања. 

Автор: Ангела Маџар, ученичка во II-3, ОСУ „Св. Климент Охридски“- Охрид

andzelaЖивотот е море од желби, а кормилото на животот води кон нови случувања, гради кула од среќа за испружените раце кон неа. Со раце полни желби да создадеме свет во којшто секој ќе го чувствува мирисот на убавото време и вкусот на љубовта и среќата. Сакам да живеам во соништата, да чекорам во безгрижноста, да сонувам во стварноста, зашто и јас ја носам желбата на секој зачекорен во младоста.

teodora todorovskaДенот кој учениците од прво одделение, па се до четврта година во средно образование нетрпеливо го чекаат е 10-ти јуни. За нив тогаш започнува летниот распуст кој трае се’ до 1-ви септември. Конечно деновите ги поминуваат како тие сакаат, без книги, без тестови, без испрашувања. Сте се запрашале ли што всушност учениците прават за овој долг и топол распуст?-Каде го поминуваат времето?

Тамара Ќупева, професорка во СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје

tamara-kupevaДа! Тежок е патот до слободата кога живееш во свет на правила. Уште потешко е  да му ги носиш на светот своите идеи, ако тие се поинакви, поразлични, нови.

Ана Ѓорѓиева, III-3, СУГС „Георги Димитров“

ana-gjorgjievaЕдинствената гаранција за креативно утре ни е имагинацијата. За жал многу од родителите го забораваат тоа и им ја намалуваат имагинацијата на децата бидејќи со помош на интернетот се им е дадено без можност за нивна експериментација. Исто така во денешно време и ние, самите средношколци, не си го приредуваме тоа уживање да се замислиме во ликот на книгата која ни била дадена за читање на училиште или да си ја читаме во слободно време.

Ана Јанева, СОУ „Јане Сандански“ - Струмица

Секој би посакал иднина исполнета со среќа, љубов, пари. Иднина во која низ целиот свет ќе владее мир, ќе престанат воените судири во кои секој ден умираат милиони луѓе, умираат милиони луѓе и од глад, болести, насилство... Вашата иднина ја кроите со сопствените избори. Обидете се од вашата иднина да направите вистинско ремек дело. За да си ја создадете иднината што ја сакате треба да го извлекувате најдоброто од себе, да давате се од себе, доволно да се борите.

Васко Гичевски, трета година, ОСУ „Таки Даскало“ - Битола

vasko-gichevskiПод влијание на играта на судбината или пак под играта на свесниот, но не секогаш разумен човеков ум пред нас се постави една слика на ученици надвор од училишта и училишта без ученици. Се обвистини еден од пострашните, но не без последици кошмари на педагогијата да не се спроведува организираниот процес на воспитание и образование на учениците односно наставата.

Мартин Николовски, СОЕУ „Јане Сандански“ - Битола

martin-nikolovskiПериодов образованието во Македонија го одбележуваат многубројни настани. Протести, штрајкови, маршеви, бојкот на настава... Некои барања се исполнети, а за други ниту глас не се слуша. Учениците се во дилема: „Дали образовниот процес во Македонија замина во ќорсокак?“.

Тамара Стевковска, трета година, СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“

tamara-stefkovskaВе прашувам бидејќи сакам да знам, а не можам да ве идентификувам и препознаам. Почнав да читам натписи, изјави и пак не открив кои се тие што одлучуваат какво средно или високо образование ни треба.

Бојкотот од гледиште на една средношколка

11072143Празни кабинети, полни холови, збир на луѓе од различни класови и генерации, смеа, дружење, размена на ставови. Единство кое зрачи уште од првото зачекорување во училиштата полни љубов и позитивна енергија. Ова за мене е сликата која ја изваја неодамна прогласениот бојкот на наставата. На почетокот се соочувавме со проблеми со организација, нервоза, страв, но со секој поминат ден сето ова поминуваше, дозволувајќи им на позитивните вибрации да ги исполнат средните училишта.

gorazd-srljak1Спортот го поттикнува натпреварувачкиот дух, борбата и ставот цврсто да застанеш по поразот и да се спротивставиш на секој предизвик. Тенисот ме има сменето како човек. Едноставно те учи дека не треба да се предаваш и оптимистички да гледаш на работите во и надовр од теренот. Ова се зборови на Горазд Србљак, ученик во трета година во средното училиште „Алгоритам“ од Скопје.

anke-milerДа се биде дел од специјализираната германска паралелка при скопската гимназија „Георги Димитров“ е привилегија, не само поради извонредната можност да се усоврши германскиот јазик, туку и поради непосредниот контакт со германската култура. Нашата директна врска со Германија е професорката Анке Милер, која уште при првата средба ги руши сите стереотипи за Германците како студени или воздржани луѓе.

Тамара Стевковска, III година, СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“

1-12Знајни и незнајни јунаци се одважија во изминативе недели и покажаа дека март е променлив исто како и средношколската енергија кога ќе ја допреш по нервот за математика. Се разбира „математика на матура“ е само топ темата која ги разбуди средношколците исто како што секој март на крајот сепак завршува со пролет.

Илина Димовска, II-2, СОУ „Кочо Рацин“ - Велес

1-11Екстерно или екстремно? Да, тоа е компјутерското тестирање на средношколците на крајот на учебната година. Тестирање со кое се омаловажува цел професорски кадар, а воедно и сите средношколци. Како? На учениците им се дадени двесте прашања за учење по одреден предмет три дена пред да полагаат екстерно. За време на екстерното, учениците треба да одговорат на триесет прашања по случаен избор и точноста на одговорите на тие триесет прашања треба да биде мерило за знаењето на ученикот во текот на целата година.

Јана Чолаковска, Приватни гимназии „НОВА“

1-10Актуелните протести за високото образование отворија голем број на дебати за природата на самото образование. Што навистина ме заинтригира по овие јавни дебати беше врската помеѓу образованието и знаењето. Многумина од нас знаењето би го поврзале со училиштето, со образованието како институција. Но, за мене како средношколка е вознемирувачки кога образованието веќе не е компатабилно со поимот за знаење.

Александар Соколчевски, II година, СЕТУГС „Михајло Пупин“ - Скопје

1-9Младинскот активизам е индикатор на здавјето на едно општество. Тој активизам покажува колку едно општество е демократско, во која мера ги почитува непишаните етички закони универзални за граѓанските демократски општества во 21-от век. Колку овие вредности се присутни во една генерација која со сите свои претензии и особини еден ден ќе го управува општеството во кое расте и созрева е тема за дискусија.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk