Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Камп за медиумска писменост

Автори на фото сторијата: Марија Ѓорѓиева, СОУ „Добри Даскалов“, Кавадарци и Стефан Митиќ, СУГС „Орце Николов“, Скопје

Нашиот фокус е недостатокот на велосипедски патеки во Штип. Додека ја работевме фото-сторијата, сфативме дека безбедноста на велосипедистите во градот е најголемиот приоритет. Низ разговор со штипјани сфативме дека во последните години не се случила значајна промена, а не се ни планира нова. Пораката од нив е дека за да се поттикне возење велосипед, треба да се пренасочи интересот кон придобивките од неговото возење. Тие праќаат апел до општина Штип да преземат соодветни мерки со цел градот да стане еколошки, чист и безбеден за сите.

velosipedistite proterani od stip 1Штип е најголемиот град во источна Македонија, без велосипедски патеки и простор за рекреација со велосипеди. 12.06.2018

velosipedistite proterani od stip 2Постојат места наменети за паркирање на велосипеди, меѓутоа никој не ги употребува, затоа што возење велосипед не е поттикнато од страна на општина Штип. 12.06.2018

velosipedistite proterani od stip 3Луѓето не се навикнати да ги паркираат велосипедите прописно, па тоа го прават каде што им е најблизу. 12.06.2018

velosipedistite proterani od stip 4Ристе (68) вози велосипед од своите 12 години и за него тој е незаменлив. Вели дека уште од неговата младост ништо не е променето во Штип во поглед на велосипедизмот. 13.06.2018

velosipedistite proterani od stip 5Мал број на луѓе го користат велосипедот како превозно средство да пристигнат на работа. 12.06.2018

velosipedistite proterani od stip 6Според полицијата бројот на кражби е зголемен за 40 % во однос на минатата година. 13.06.2018

velosipedistite proterani od stip 7Моторите и автомобилите ја загадуваат околината на Штип. 13.06.2018

velosipedistite proterani od stip 8Купувањето и возењето на велосипед ја охрабруваат неколку продавници, но интересот е сведен на минимум. 13.06.2018

velosipedistite proterani od stip 9Оние кои сакаат да преминат улица со велосипед мораат да се однесуваат како пешаци и да поминуваат на пешачки премин. 13.06.2018

velosipedistite proterani od stip 10На велосипедистите во Штип им е нарушена безбедноста во сообраќајот и постојано мораат да внимаваат на себе. 12.06.2018

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk