Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Камп за медиумска писменост

Автори на фото сторијата: Радмила Костова, СОУ „Славчо Стојменски“, Штип и Кристина Ваневска, СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе

Високите температури што деновиве го зафатија Штип и околината ги принудија граѓаните да бараат спас во разладени простории. Горештините не ја одминаа ниту Зоолошката градина во Штип каде што животните немаат доволно услови за да им се спротистават на неиздржливите температури. Тажна беше сликата што ја затекнавме при посетата на зоолошката градина бидејќи животните се обидуваа на секој начин да се прилагодат на состојбата.

Колку за потсетување, зоолошката беше отворена во 2014 година а се уште не се задоволени основните потреби на животните. Иако голем дел од опремата е донација од стабилни штипски инвеститори и фирми, сепак просторот во кој опстануваат животните е премногу мал. Иако внатрешноста на зоолошката градина  е сосема коректно уредена, во рамките на она што го дозволува просторот, неодминлив е впечатокот дека и посетителите и животните се чувствуваат некако стеснето.

Тоа е првиот впечаток што е добива кога ќе го посетите овој интересен простор. За сите заинтересирани треба да истакнеме дека влезот е бесплатен, што овозможува достапност секому да ги посети животните. Но, за жал, животните исцрпените од сонцето повеќе сакаат да се кријат во малите засолништа, без желба за интеракција со посетителите. Така и мечето Теди, најновиот член на зоолошката, осамено талка низ  затворениот дел од кафезот, недоволно голем за потребите на едно диво животно, без да се појави да го видат љубопитните детски очи. Набројувањето на некои негативни примери лесно видливи при најобична посета не би биле коректни, бидејќи тие се можеби резултат на големите горештини и обидите на животните да ги преживеат колку што им дозволуваат условите.

Во секој случај на зоолошката градина и е потребно повеќе грижа и внимание од страна на надлежните. Така единствената зоолошка градина во Источна Македонија ќе биде место за пример и уште една туристичка атракција на градот под Исарот.

kako prezivuvaat stanarite na stipskata zooloska gradina 1

kako prezivuvaat stanarite na stipskata zooloska gradina 2

kako prezivuvaat stanarite na stipskata zooloska gradina 3

kako prezivuvaat stanarite na stipskata zooloska gradina 4

kako prezivuvaat stanarite na stipskata zooloska gradina 5

kako prezivuvaat stanarite na stipskata zooloska gradina 6

kako prezivuvaat stanarite na stipskata zooloska gradina 7

kako prezivuvaat stanarite na stipskata zooloska gradina 8

kako prezivuvaat stanarite na stipskata zooloska gradina 9

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk