Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Медиумски ден

Околу стотина средношколци ја осознаа и учествуваа во медиумската продукција на Македонската телевизија, Радио Метрополис и Сити Радио, Нова Македонија и Телеграф.мк. 

 

Медиумски ден 2014

Средношколците ги посетија редакцијата, студиото и режијата кадешто се подготвуваат информативните емисии на МТВ, додека во вестите говорник беше средношколка и се емитуваше ТВ прилог изработен од средношколци. Во Радио Метрополис и Сити Радио учениците се вклучија во контактните програми во живо, а во весникот „Нова Македонија“ и веб порталот „Телеграф.мк“ дискутираа со уредници и новинари за тоа како се креираат медиумските содржини и за предизвиците во новинарството. Медиумите известуваа за цело време на Медиумскиот ден, а средношколците коментираа и споделуваа за настанот на Фејсбук страницата medium.edu.mk и на хаштагот на Твитер - #МедиумскиДен. Медиумскиот ден се организираше под слоганот „Размислувај критички, делувај етички: Во и надвор од училница“ и имаше за цел да посочи на важноста на медиумската и дигиталната писменост во институционалното образование.

 

Фејсбук и Твитер објави

             

Галерија

 
 
           
 
             
 
 
             
 

Средношколски препораки:

 

 Медиумски известувања:

radio-mofМладите се поделени во ставовите за тоа дали можат да препознаат вистинска од пара вест. Според некои, вината е кај новинарите и нивното необјективно известување за одредени настани. Други пак, сметаат дека сепак знаат да ги препознаат грешките во...
 
nova-makedonijaГрупа средношколци од повеќе училишта вчера ја посетија редакцијата на „Нова Македонија“ Средношколци во посета на „Нова Македонија“ Средбата се одржа по повод првиот медиумски ден на средношколците, а ја организираа Високата школа за новинарство и...
 
telegrafПри посетата тие имаа можност да дознаат како тече работниот ден на редакцијата, да се запознаат со процесот на креирање на медиумските содржини и да поразговараат со новинарите и уредниците за тоа со какви предизвици се соочуваат во работата...
 
blagodarnica MRTЈавниот сервис ја поддржува важноста на медиумската и дигиталната писменост во институционалното образовение, а медиумската писменост ќе ги научи средношколците како да ги користат позитивните аспекти од популарната култура при личниот развој...
 

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk