Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Медиумски ден

По четврти пат, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста организира Медиумски ден за средношколците од Македонија. Повеќе печатени, електронски и онлајн медиуми од Скопје, Битола и Куманово ќе бидат домаќини на 100-тина ученици од повеќе средни училишта од цела Македонија. Идејата на овој настан е младите да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, начинот на кој функционира една редакција, како и со основните новинарски професионални стандарди. Оваа година домаќини ќе бидат: дневниот весник Нова МакедонијаМРТ1 ПромоTV21TERA TV (Битола) и ТВ Плус(Куманово), Makfax и Радио МОФ.

Настанот се организира во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа го реализира во партнерство со Институтот за различности во медиумите и весникот „Нова Македонија“, а со поддршка на Европската Унија.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk