Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Учениците чекаат инспирација од наставниците, кои треба да го извлечат нивниот потенцијал, креативност и квалитет за заедно да направат општествени промени, вели предводничката на екоакцијата „Мети си со класнето“, професорката по англиски јазик во средното медицинско училиште во Битола, Марија Магдалена Петковска-Микаровска.

Слаби со поддршка, силни со пораките. Младите од движењето „Петоци за иднината - Скопје“ и поддржувачите, со серија активности ја одбележаа глобалната недела против климатски промени. Првиот протест беше пред Владата, а нивните барања ги адресираа внатре во зградата. „Малата земја“ да го сфати сериозно глобалниот аларм, да прогласи вонредна климатска состојба во државата, да се активира национално тело за борба против климатски промени, електричните централи да згаснат, а обновливите извори на енергија стратегиски да се искористат. Власта мора плански да ја намали употребата на автомобили со унапредување на јавниот транспорт, а за климатската проблематика да се учи во формалното образование, порачаа активистите.

Четворица средношколци од Куманово и Скопје собраа четири награди на Светската олимпијада за геонауки во Јужна Кореја, другаруваа и создаваа спомени со нивните врсници од 41 земја, а им покажаа и како се игра традиционално македонско оро

Јас сум само една обична наставничка во мал, истрошен, изнемоштен, загаден град, каде што различноста може да те убие од предрасудите на неистомислениците. Ако не припаѓаш во приказната, која е пишано правило за наставник длабоко навлезен во комфорната зона, тогаш или си со некоја задна намера, политички став на некоја спротивна структура, имаш некој личен интерес, се промовираш, рекламираш или, пак, не си нормален.

Средношколците од битолското училиште „Таки Даскало“ од градежно-геодетската струка, градежни и архитектонски техничари, заедно со нивните професори учествуваа во Европската недела на мобилност и пешачките премини кај Широк сокак ги направија поатрактивни од кога било. Тоа го направија со помош на локалниот уметнички колектив „Хибрид мајндс кру“, а целта им беше да направат безбеден дизајнерски пешачки премин кој ќе биде видлив за возачите, а визуелно привлечен за пешаците.  Европската недела на мобилност се одржува секоја година во септември и се одбележува во повеќе од 2.000 града низ Европа. Годинава мотото беше „Пешачи со нас“ и во фокусот беа безбедното пешачење и возење велосипед, а младите битолчани беа само дел од многубројните учесници и активисти од низа градови во Македонија.

Повеќе од 150 ученици од средните училишта „Никола Карев“ и „Јане Сандански“ во Струмица учествуваа во младинска акција со која го одбележаа Меѓународниот ден на мирот. Акцијата се одржа на 20 септември, во дворот на „Никола Карев“ и во овие рамки садеа дрвца, ги бојадисуваа металните и бетонските површини, а на училишниот ѕид испишаа пораки за мир. Исто така, младите организираа и хуманитарна акција за детското одделение во ЈЗУ „Општа болница“ - Струмица во која донираа постелнини кои самите ги изработија. Акцијата ја поддржаа општината Струмица и проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во соработка со Младински образовен форум. Проектот на УСАИД претставува петгодишна иницијатива за зајакнување на меѓуетничката кохезија меѓу младите и развој на демократските и граѓанските однесувања.

Сребрен и два бронзени медали освои македонскиот тим од средношколци на 27-та Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2019), која од 9 до 14 септември се одржа во Атина, Грција. Дел од тимот беа четворица тинејџери: Мартин Динев од Валандово, Андреја Величковски од Куманово, Благојче Павлески од Прилеп и Владимир Шарковски од Скопје, а со нив работеа менторите Емин Станков и Владимислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

На 9 мај имав прекрасна можност да ги доделам овогодинешните награди на средношколците за најдобри медиумски производи што ги организира средношколскиот весник „Медиум“, како дел од образовните проекти на Институтот за комуникациски студии (ИКС). Темата беше „Сакам да живеам во чиста околина“, а учениците можеа да изработат фото приказна или едноминутно видео. Медиумските производи беа подобри отколку што очекував, со јасни пораки зошто е битно сите ние да ја чуваме средината во која живееме. Навистина ми беше мило што Обединетото Кралство даде поддршка на натпреварот на средношколците оваа година затоа што животната средина и екологијата се теми кои за нас се навистина важни. Учениците направија прекрасни производи и нивната креативност и ангажираност за околината излегоа на површина. И јас се согласувам со нив, и јас сакам да живеам во чиста околина.

Онлајн база на податоци од која може да се види каде сѐ има ѓубре и во која секој може да пријави каде има дива депонија за да може да се реагира. Ова е можноста која ја создаде Теодор Богоески, средношколец во прва година во скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“. Тој креираше апликација која ја нарече „TrashМap - Пријави ѓубре“ и е достапна преку интернет-продавницата на „Play Store“. Програмските јазици што си ги учел преку Интернет, ги применил во идејата да креира нешто кае сите може да придонесат за подобра животна средина. Теодор апликацијата ја направил сам, а веднаш по објавувањето таа почна бргу да се шири.

Пекол, чистилиште и рај. Ако се споменат овие три збора веднаш умот оди кај „Божествената комедија“ на италијанскиот поет Данте Алигиери. Таков е случајот и со петте средношколки во струмичката гимназија „Јане Сандански“. Во вториот дел од ова најпознато дело на Италијанецот, струмичанките Викторија, Мија, Лина, Верица и Ивана ја пронашле инспирацијата за проектот по кој веројатно и најмногу ќе ги паметат средношколските денови. „Porgatorio“ е латинскиот збор за „чистилиште“, а тие решиле да го искористат и на своите врсници да им понудат едно поинакво чистилиште од она духовното за кое зборува Алигиери. Телесно. А, како тоа, ако не преку здрава храна.

Макети за пренамена на некои од атрактивните простори во скопско Дебар Маало, фотоприказни за загадувањето на природната околина во Македонија, хербариум и фаунариум кои го прикажуваат биодиверзитетот во градовите. На овој начин кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ му беше претставена на принцот Едвард, грофот од Весекс, на приемот што во негова чест го организираше Британската амбасада во Скопје.

Изложба на скапи фустани, најубави шминки и фризури е впечатокот за денешните матурски прослави. Родители трошат околу 500 евра за да ги покријат трошоците на матурантите. Но, дали тоа е она што останува како круна на средношколските денови или пак повеќе ќе се памети дружењето поминато во училница?

Околу 1.500 ученици од средните училишта, Мирко Милески“ и „Дрита“ во Кичево засадија зимзелени дрвца во училишните дворови. Во зелената акција им се приклучија и војници од кичевската касарна.

Со резултат 2:0 скопските одбојкарки ги победија подгоричанки. Ова е само една од вестите кои доаѓаат по натпреварите кои ги одиграа најдобрите спортски екипи од скопските училишта во Подгорица, Црна Гора.

Три иновативни проекти на ученички тимови од различни средни училишта низ Македонија беа претставени на настанот „Петок за млaди“ и цел месец беа изложени во Академијата за науките и уметностите.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk