Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

70-god-mak-jaz„Јазикот е календар на душата. Со него ги нижиме секундите, деновите, годините на нашиот живот. Го запишуваме убавиот збор кој во календарот го зачувува местото на вечноста.“. Овој извадок е од видеото што беше прикажано на свечената академија по повод 70 години настава на македонски јазик во битолската гимназија „Јосип Броз – Тито“, што се одржа на почетокот на февруари во Народниот театар во Битола.

„После Орфеј, убаво знаеме дека никогаш не треба да се свртуваме кон она што го сакаме, освен ако не сакаме да го уништиме.“, кажа директорот Кирил Печалев во обраќањето до присутните професори, ученици, родители и преставници на институции. Плакети за благодарност за афирмација на македонскиот јазик, за јакнење на врската меѓу средното и високото образование и за поддршка на училиштето добија повеќе јавни личности, меѓу кои Претседателот на РМ, битолскиот ректор, неколку академици, француската конзулка во Битола и битолскиот градоначалник. „Не знам дали на постарите колеги им се случувало тоа, но мене често пати ми се случувало да ја сонувам мојата гимназија. Сметам дека тоа изразува еден однос на респект кон училиштето.“, рече академикот Владо Камбовски, присетувајќи се на неговите средношколски денови во гимназијата. Свечената атмосферата ја збогатија мелодиите кои ги отсвирија и отпееја учениците, а публиката уживаше во училишната претстава „Црна Арапина“. На церемонијата настапи и поп-пејачката Каролина Гочева.

Ангела Петровска и Сара Мицевска, СОУ „Јосип Броз Тито“ - Битола

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk