Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

flaeri-za-zasteda-na-voda-i-energijaУченици од скопското училиште „Георги Димитров“ ја одбележаа 70-годишнината од ослободувањето на Скопје со активности кои промовираат поквалитетно функционирање на градот.

На 13-ти ноември, средношколци собираа стара хартија во посебни контејнери, која потоа се рециклираше, и имаа презентација за управување со отпад, додека училиштето четири часа штедеше електрична енергија. Учениците поставија и изложба на ликовни творби на тема „Штеди енергија“ и висечка инсталација на тема „За почист град“.  На посебно пано во училиштето беа поставени нивни пораки за намалување на стакленичките гасови, заштита на околината и за рационално користење на струјата и водата. За да ја зголемат свеста на соучениците и да ги поттикнат кај нив здравите навики, средношколците изработија и делеа флаери во училиштето. Во тек е изработка на календар со цртежи на теми „Енергија“, „Рециклирањето како начин на заштеда на енергијата“ и „Алтернативни извори на енергија“.

Активности беа органзиирани во рамки на проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Бојана Јаневска, СУГС „Георги Димитров“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk