Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

demir-hisarМултиетничко образование, тријазичен речник, промоција на хумани и креативни вредности се дел од бројните успеси на средношколците од училиштето „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар.

Средношколците активно се борат против предрасудите заедно со нивните врсници од кичевското училиште „Дрита“. Двете партнерски училишта веќе една година организираат заеднички дружења, игри, изложби и творби, како и посети на културни споменици од мултиетнички карактер. По повод патрониот празник, учениците под менторство на нивните професори издадоа и тријазичен англиско-македонски-албански речник. Средношколскиот клуб на млади, пак, редовно ги промовира хуманите вредности преку учество во акции на Црвениот крст од Демир Хисар.

Од оваа учебна година првпат е формирана фотографска секција, во која членуваат ученици кои активно се занимаваат со фотографирање и обработка на слики. Учениците го покажаа нивниот креативен потенцијал и на натпреварот „Треш фешн“. Тие креираа облека и модни додатоци од материјали кои се реупотребливи, за да ја подигнат свеста за значењето на природата и намалување на отпадот.

Пишуваше: Ана Ангелевска II-2
Фото: Антонио Сукловски IV-2

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk