Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

horistite-m-acevХористите на прилепската гимназија „Мирче Ацев“ беа дел од актерската екипа на театарот „Војдан Чернодрински“ којшто го освои третото место на Интернационалниот фестивал на театарска уметност “Екс Понто”.

Фестивалот, што се одржа во Љубљана, Словенија од 14 до 21 септември, е препознатлив по учеството на врвни претстави со социјални и политички теми. Прилепскиот театар го отвори фестивалот со претставата „Швејк во втората светска војна“ од Бертолт Брехт, во режија на Мартин Кочовски. Успешната изведба предизвика многубројни аплаузи и овации кај словенечката публика, а актерската екипа беше петпати враќана на бис во еден од најпрестижните европски театри “СНГ Драма”. Триднениот престој во Љубљана, прилепските средношколци го искористија и за прошетки и дружбисо актери од различни земји.

Марко Цветаноски, III година, ОСУ „Мирче Ацев“ - Прилеп

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk