Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

cvetni-aranzmani1Кога ќе поминете на тротоарот покрај скопската гимназија „Георги Димитров“ ќе забележите преубаво уреден двор. За момент ви доаѓа помисла колку ли пари троши училиштето за одржување на зеленилото и цеќињата. Но, не е платено ниту денар. За училишниот двор се грижат средношколците од шумарско-дрвопреработувачкиот смер.

Една од нив е и матурантката Рената Рачиќевиќ. Таа ни раскажа дека училиштето има сопствена оранжерија кадешто учениците како дел од училишната пракса одгледуваат најразлични растенија. Професорката Катерина Пренкова, која предава проектирање со аранжмани на зелени површини, вели дека цветните аранжмани што ги изработуваат учениците секоја година пред новогодишните празници ги изложуваат на продажба во училиштето.

- Цветните декорации на учениците можат да ги купат професорите и учениците од училиштето, како и сите заинтересирани граѓани. Собраните пари од продажбата ги донираме во Домот за деца без родители „13-ти Ноември“, ни објасни Пренкова.
Андреј Ивановски, кој исто така е матурант во училиштето, смета дека секое дете заслужува да има свој дом и родители, па затоа на него и неговите соученици им е мило што на некој начин можат да им помогнат на децата во Домот. Андреј зборуваше и за тоа како учениците го уредуваат дворот.

-Ова се вика алпинетум и содржи повеќе видови на растенија. Го уредуваме секоја година, го надградуваме со нови растенија и го одржуваме секогаш кога имаме пракса. Замислата за тоа како ќе изгледа дворот е наша, на учениците, а за распоредот се согласуваме со професорите, објаснува Андреј.

cvetni-aranzmaniВо „Георги Димитров“ има и љубители на физиката. Професорот Јован Јанушевски објаснува дека учениците користат виртуелни експерименти во вид на физички симулации. Александар Додески е втора година и минатата година освоил трета награда на регионално ниво по физика.

- Достојно го претставуваме нашето училиште. Има голем број на ученици коишто се заинтересирани за физика и одат на регионални натпревари, а минатата година се натпреварувавме и на републичко ниво, изјави Додески.

Неговите соученици сакаат да ја изучуваат применетата физика и имаат намера да се запишат на некој од техничките факултети.

Цветните аранжмани и виртуелните експерименти се само сегмент од спектарот активности во кои се вклучени средношколците од „Георги Димитров“, а училишните ходници се сведоци на многу ученички проекти и успеси.

 

 

Репортери: Мартин Манасков и Љубица Николовска,
студенти на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk