Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

staroturski-stipendiiПочна пробното тестирање за Програмата за меѓународно оценување на учениците ПИСА 2015, која претставува една од најчесто користените алатки во светски рамки за мерење и оценување на практично применливото знаење што го стекнуваат учениците во образовниот систем во матичната земја. Ова оценување се спроведува на секои 5 години, а истото го практикуваат повеќе од 60 држави од целиот свет, истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

„Практично резултатите кои се добиваат од ПИСА тестирањето претставуваат студија за параметрите на образовниот систем на една земја која овозможува компарација на квалитетот на образованието со други земји, но пред се претставува добра подлога за иницирање образовни реформи во насока на подобрување на квалитетот на платформата за стекнување практични вештини и способности на учениците“, рече Ристовски.

Според правилата на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД, која е организатор на ПИСА оценувањето, прво се спроведува пробно тестирање во сите пријавени земји. Во Македонија утре ќе се реализира на македонски и албански јазик во 38 средни училишта. Во 2015 година, кога ПИСА тестирањето ќе се спроведе официјално, со него ќе бидат опфатени ученици кои навршиле 15 години од сите јавни и приватни средни училишта, а ќе се полага и на турски јазик.

„Знаењето и способностите на учениците ќе се мерат во три подрачја, односно сегменти: Оспособеност за читање со разбирање и критички пристап во читањето на пишаните материјали; Математичка писменост – читање, интерпретирање и решавање на даден проблем со толкување дадени информации и избирање на метод за решавање; и Писменост во природните науки - препознавање на научни прашања, користење на научни знаења, идентификување на содржината во научните истражувања и поврзување на научните податоци со докази и заклучоци“, рече Ристовски.

Макеодонија втор пат учествува во ПИСА тестирањето. Учениците одговараат на прашања содржани во стандардизирани прашалници и тестови, а резултатите од тестирањето немаат никакво влијание врз нивниот успех. Во Македонија ова тестирање го реализира Државниот испитен центар во соработка со Министерството за образование и наука.

Извор: Министерство за образование и наука www.mon.gov.mk

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk