Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Film1Филмот за бегалците што го снимија средношколци од клубот „Јоска“ при средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ја доби престижната награда „Плурал плус Балкан 2016“ (Plural+ Balkan 2016). Наградата ја добија во рамките на интернационалниот видеофестивал „Плурал плус“ (Plural+), во категоријата за средношколци од 13 до 17 години, на алијансата на Обединетите нации на цивилизациите и на Меѓународната организација за миграции.

Film1Името на филмот е „Граници“ (Borders), снимен е на англиски јазик и обработува тема од бегалската криза и ситуацијата на децата во услови на мигрирање. Во негова конкуренција биле околу 400 филма испратени од целиот свет, а доделувањето на наградите, како што нѐ информираа, ќе биде на свечена церемонија во Њујорк наредниот месец, од 21 до 28 октомври.
На „Граници“ работел тим од шест средношколци, а тоа се Васко Трајков, Филип Аблаков, Матеј Аврамов, Стефан Шапкарев, Сретен Илиев и Лазе Раманчев, а во улогата на ментор и монтажер бил професорот Тони Аврамов.

Со освојувањето на наградата истата екипа доби можност и следната година да учествува на меѓународниот проект „Данјуб пис боат 2017“ (Danube Peace Boat 2017), како и на „Пис литераси проџект“ (Peace Literacy Project) и на „Данјуб вејвс арт академи“ (Danube Waves Art Academy).

Фестивалот „Плурал плус“ претставува иницијатива која вклучува мрежа од над 50 партнерски организации што ги поддржува напорите на креативните млади луѓе и ги дистрибуира нивните видеа од целиот свет.

Овој меѓународен натпревар се одржува од 2009 година и досега на него имало речиси 1.300 учесници од 90 земји. Покрај категоријата за средношколци, награди се доделуваат и во категорија за возрасни групи.

Т.А.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk