Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Izlozba 21Средното скопско училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ пет дена беше домаќин на патувачката изложба „Ана Франк - историја за денес“, која претставува збир од 39 панели за животот на малата Ана и нејзиното семејство за време на Втората светска војна. Изложбата досега гостувала во четириесетина земји, а отворањето во Македонија се случи во Министерството за надворешни работи, во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, 27 јануари. Во скопската гимназија, пак, настанот траеше од 12 до 16 септември, а беше организиран под менторство на професорите Валентина Костовска и Атанас Сопотски.

Izlozba 21Она што ја направи оваа изложба поинаква е што водичи за посетителите беа млади волонтери, средношколци од втора година во „Раде Јовчевски-Корчагин“, и тоа Марија Штерѓиска, Кирил Митановски,Тамара Ѓоргиева, Ѓорѓи Докузов и Дина Настов, кои ја поминале обуката за да ја раскажат приказната на Ана Франк.

„Никогаш да не се повторат ужасите од Втората светска војна и од Холокаустот на Евреите“ и „Историјата нѐ учи на лекции од минатото, лекции кои нѐ опоменуваат и кои не смееме да ги заборавиме“ се некои од пораките кои преку оваа изложба на фотографии и филм беа пренесени до младите.

Во Македонија таа се организираше во рамките на проектот „Хисторија, Историја, Повјест - лекции за сегашноста“, под покровителство на Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. Се прикажуваа и панели креирани посебно за македонскиот контекст - во периодот по Втората светска војна до денес, што ги изработиле домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.

В.К.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk