Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

liderskikamp2Идеално место за самопознавање и развивање, стекнување вештини од неформалното образование како за демократијата, животната средина и општествената одговорност, но пред сѐ учење вештини за лидерството. Вака во една реченица Дамјан Георгиевски го опишува Младинскиот лидерски камп.

liderskikamp1Дамјан е втора година во средното скопско училиште „Браќа Миладиновци“ и веќе две години по ред е дел од кампот кој се одржува во одморалиштето „Шула Мина“ во Крушево. Тој вели дека тука стекнал одлично искуство, нови знаења и многубројни пријателства.

- Ми се отворија многу можности за во иднина, научив да ја гледам позитивната страна на луѓето. Исто така, кампот ме измени и претвори во посамоуверена личност. Дефинитивно можам да кажам дека тоа е место за стекнување нови вештини и откривање нешта за кои сме способни, а не сме биле свесни - вели Дамјан.
Тој додава дека благодарение на ова искуство, изминатото лето ќе го памети како едно од наједукативните и најавантуристичките досега.

Заедно со него кампувале околу 70 средношколци на возраст од 14 до 18 години од цела Македонија. За нив се задолжени триесетина волонтери чија задача е да ги подучуваат камперите за работи што младите луѓе треба да ги знаат за нивниот развој и созревање.

За Дамјан, како што вели тој, покрај учеството во секојдневните активности, едно од највредните искуства е и запознавањето и дружењето со тинејџерите кои се од liderskikamp5различна верска или етничка припадност. Деновите поминати на кампот, сведочи, се исполнети и со низа други активности како бејзбол, јога, медитација, пронаоѓање на внатрешниот мир, поезија итн.

Ова, според неговите раскажувања, е типичен американски стил на кампување, што и не е за изненадување бидејќи организацијата е во рацете на Мировниот корпус на Америка и на ИМКА од Битола, како и со делумна поддршка од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Покрај овој, се одржува и камп за девојки, кој се вика „Глоу“ (GLOW), на кој и тие имаат можност да се стекнат со истите вештини и искуства.

Автор: Наташа Арсова, четврта година во СУГС „Браќа Миладиновци“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk