Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

martinohridЖелба за подобар еколошки свет и амбиција да се заштити природата, но и почитување на човековите и правата на животните. Вака накусо, во една реченица може да се опише матурантот во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, Мартин Колоски. Средношколец кој активно учествува во низа граѓански акции, ги следи проблемите кај нас и во светот и вели дека со својот активизам настојува да ги поттикне луѓето околу него да ја разбудат својата свест.

martinohridШто те поттикна да бидеш активист?

Не можам да се наречам себеси активист само затоа што придонесувам кон чиста животна средина, напротив, тоа треба да го правиме сите ние. Но тоа може да биде добра мотивација за сите, бидејќи кога ќе видите некој како чисти, ќе ве охрабри да му се приклучите во акцијата.

Член си на неформалната охридска организација „Чист Охрид“, која стана многу популарна кај младите. Што, всушност, е „Чист Охрид“?

Поттикот за формирање ваква еколошка организација се местата полни со отпад, кои ни се како трн во око. Група луѓе се организиравме и решивме да ставиме крај на тоа. Со тоа произлезе нашата неформална организација која дејствува хоризонтално, односно без лидери и во директна акција.

Како се одвива една ваша акција?

Најпрвин со членовите на групата ја одбираме локацијата, следен чекор е пребројување на тоа што ни останало од донациите во смисла на медицински ракавици, ќеси за отпад и слично, па ја информираме јавноста по локалните телевизии и портали, како и на социјалните мрежи. На крај, се собираме сите ентузијасти на договорената локација и ја средуваме.

Какви отпадоци најчесто наоѓате на местата каде што чистите?

За време на акциите кои ги спроведуваме се среќаваме со најразличен отпад, почнувајќи од пластика, градежен отпад, мешан отпад и медицински отпад, кој е и најстрашен. Него го депонираме во специјална кутија за медицински отпад, користејќи ракавици од поцврст материјал.

Кој е твојот впечаток, дали Охрид е многу загаден?

Охрид генерално е чисто место, но секако има зелени површини натрупани со ѓубре, поради ниската еколошка свест на граѓаните. Затоа треба сите заеднички да ги едуцираме, најпрвин најмладите на позитивни еколошки вредности.


Покрај за екологијата, се залагаш и за заштита на животинските и човековите права. Колку младите се заинтересирани за овие области?

Генерално за екологијата, свеста на младите луѓе е на многу ниско ниво, ретко се случува некој нов да ни се приклучи на акција или да нѐ поддржи во она што го правиме. Но сум оптимист дека таквата ситуација може да се смени. Истото се однесува и на човековите и заштитата на животинските права. Тоа е поле кое треба сериозно да се разработи меѓу младата популација.

Бидејќи си љубител на животни, каков е твојот став за користење на истите во исхраната?

Сметам дека не е потребно да се користат животните како храна во едно вакво цивилизирано општество, каде што имаме можност да го добиеме она што ни е потребно во секојдневната исхрана без да ги убиваме животните.

Дали летово учествуваше во некоја акција?

Ова лето бев активно вклучен во кампањата на Фронт 21/42 наречена „Едно е - вредно е!“. Имено, кампањата има цел зачувување на охридскиот регион, единственото подрачје во Македонија заштитено од УНЕСКО, со што целосно би се откажале планираните градежни активности, главно на Галичица и на Студенчишко блато.

Дали мислиш дека со вакви организации ќе се разбуди еколошката свест кај граѓаните?

Свеста кај граѓаните, претежно кај младите е на многу ниско ниво, но сум оптимист и се надевам дека ќе го смениме тоа.

Имаш ли некоја порака до младите?

Чувајте ја околината, организирајте се и стапете во акција.


Ева Ристова, четврта година во ОСУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk