Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

NIZ HODNICITE teatarska pretstavaf„Гивгилија рамна кути тепсија“ е насловот на театарската претстава што учениците од средното гевгелиско училиште „Јосиф Јосифовски“ ја одиграа на 20 октомври во Народниот театар во Гевгелија. Претставата се реализираше во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието во организација на УСАИД - Македонија.

NIZ HODNICITE teatarska pretstavafПрофесионални актери и професори активно работеа со група ученици уште од март 2016 година. Секоја седмица се реализираа креативни работилници на кои со учениците се работеше на разни теми, како што се надминување на конфликти, издигање на свеста за различноста и за толеранцијата, зацврстување на самодовербата, невербална комуникација итн.

Театарската претстава со наслов „Гивгилија рамна кути тепсија“ е напишана од познатите македонски актери Кети и Горан Илиќ, кои се дел од овој проект, а учениците ги подготвуваа професорките Ивана Кркотиќ-Прошевска и Розета Картова.

Темата на театарската претстава е гевгелискиот живот и сите доблести што ги одликуваат гевгеличани, од варењето пинџур до возењето велосипед по „градската рамна тепсија“, преку манифестациите што ја величаат смоквата.

Со порака дека сите сме исти без разлика на возраста, на етничката, верската и социјалната припадност и дека сите треба заеднички да си го градиме животот почитувајќи си ги различностите, учениците успешно се претставија пред гевгелиската публика.

Мими Филова

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk