Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

KADE BEVME Zef Ljus Marku 03fПознатиот фудбалер Арбен Трстена, пејачот Бени Шаќири и дизајнерката Афродита Кики се само дел од јавните личности чии средношколски денови поминале во клупите на скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“.

KADE BEVME Zef Ljus Marku 05fОва училиште датира половина век. „Првите темели“ се поставени со формирањето на единствената паралелка на албански јазик со редовна настава во учителската школа „Никола Карев“ во Скопје во учебната 1947/48 година.
Со ова во Македонија започнува редовното школување на албански учители, со што се направени првите чекори за основање на самостојна Учителска школа на албански јазик.

Таквата школа се отвора по пет години во Тетово, каде што е сместена во зградата на основното училиште „Лирија“.
На десетгодишнината од своето постоење, со скромна културна манифестација Школата во Тетово го одбележува јубилејот, а е донесена и одлуката за нејзино преименување во „Зеф Љуш Марку“.

Неколку години подоцна Школата се префрлува во Скопје. Едукацијата продолжила во зградата на гимназијата „Цветан Димов“, а потоа и во тогашното училиште „Коце Металец“, а од 1970 година како дел од гимназијата „Никола Карев“.

KADE BEVME Zef Ljus Marku 04f

Како што поминувале годините, така растеле и бројноста и успесите на учениците.
Освен задолжителната настава, драмските и литературните секции, како и музиката се активности кои со децении се негуваат во ова училиште.
Голем број видни личности од политиката, уметноста, спортот, образованието и музиката биле дел од оваа образовна институција, односно сеќавањата за своите училишни денови ги врзуваат со оваа гимназија.


„Зеф Љуш Марку“, како училиште каде што го завршиле своето средно образование, се споменува во биографиите на режисерот Беким Халили, кој моментално работи во Германија, Шабан Трстена - борач и добитник на златен олимписки медал во Лос Анџелес и на Агон Саити - професор по спорт, кој тринаесет пати е прогласен за најдобар пингпонгар во Македонија.

Она што, исто така, го прави ова училиште особено гордо е наградата за најдобар женски вокал, освоена на меѓународниот натпревар „Stars of tomorrow“ во Турција, во 2005 година, каде што училиштето било претставено од страна на тогашната ученичка Арџина Нагавци.
Од поновите награди од училиштето ги издвојуваат наградата за најдобар филм, направен од тим средношколци, на минатогодишен натпревар во Скопје. Со истото дело учениците се натпреварувале и во Париз, Франција.

KADE BEVME Zef Ljus Marku 01fНе го забораваат ниту учеството на нивни ученици во проектот „Мајкрософт oфис спешалист“ (Мicrosoft Office Specialist).
Од успеси во странство, гимназијата бележи прво место на меѓународно ниво по германски јазик, како и второ место на натпревар по хемија на регионално ниво. Многубројни награди се нижеле и во спортот.

Денес гимназијата „Зеф Љуш Марку“ е лоцирана во скопската општина Бутел. Секоја година училиштето ги отвора вратите за ученици во 14 паралелки.
Во третата година од своето образование тука, учениците имаат можност за усовршување во три насоки и тоа: природно-математичка, општествено -хуманитарна и јазично-уметничка насока.

Гимназијата нуди и медицинско образование во четири паралелки, од кои по една за забен техничар и техничар во лабораторија, како и две паралелки за медицински техничар.

KADE BEVME Zef Ljus Marku 08fУчениците и денеска ги негуваат вредностите кои оставиле печат низ децениите на оваа гимназија.
И ден-денеска активно функционира клубот на Црвен крст, преку кој средношколците ја докажуваат својата хуманост.
Продолжува и негувањето на традицијата во областа на уметноста и науката со многубројни натпревари во земјава и во странство.

Колективот на „Зеф Љуш Марку“ цврсто верува во визијата за „генерации на иднината“, односно ученици кои во иднина ќе бидат подготвени да се соочуваат со предизвиците на современото општество, кое од ден на ден го зафаќаат нови турбуленции и судири на идеи, мислења, знаења и информации.

Мисијата на наставниот кадар е да создаде млади и перспективни личности кои со своето знаење успешно ќе конкурираат на слободниот пазар и ќе продолжат со развојот во науката и во уметноста.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk