Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

ivanov-elektrotehnikaВештините на средношколецот Александар Соколчевски од скопското електротехничко училиште „Михајло Пупин“ го привлекоа вниманието на македонскиот претседателот Ѓорге Иванов на манифестацијата Светски ден на науката за мир и развој.

На изложбата на проекти од млади истражувачи, Александар го прикажа својот труд „Оптички индикатор на звучен сигнал со ву метар со предпрецизен насочувач и бескраен лед тунел“. Претседателот Иванов се заинтересира што претставуваат сите сијалички на инсталацијата, а средношколецот имаше можност да му објасни на кој принцип лед диодите во колото светкаат по варијација на звучен сигнал и како е тоа изработено. Проектот e реализиран под менторство на професорот Наташа Божиновска, а Александар вели дека има уште идеи за кои се надева дека ќе има можности да ги реализира во училиштето.

Манифестацијата Светски ден на науката за мир и развој се одржа по трет пат во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk