Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

natprevar-video1-2014Младинскиот видео фестивал Плурал плус ги повикува младите на возраст од 9 до 25 години да креираат видео на темите: миграција, различности и социјална вклученост. Овој фестивал ги признава младите луѓе како агенти на промените во еден свет полн со интолеранција, религиска и културна поделеност. Победниците на натпреварот ќе добијат парична награда од 1000 долари и финансиски обезбедено патување до Њујорк.

Плурал плус ги поканува младите да дадат клучни решенија за миграциска интеграција, вклучување, идентитет, различности, човекови права и социјална кохезија, на локално и глобално ниво.

Критериуми за учество:

  • Учесниците мора да бидат млади на возраст од 9 до 25 години.
  • Луѓето што се појавуваат во видеото не мора да бидат млади. Сепак, видеото треба да ги презентира мислењата на апликантот којшто треба да ја испочитува возразната граница за учество.
  • Групна работа е возможна, но само ако сите членови се на возраст од 9 до 25 години.
  • Дозволено е да се вклучат други луѓе во изработката на видеото(наставници, професори, едукатори или инструктори), но нивната улога во процесот на изработка на видеото да е минимална како на пример:координација на групата, техничка поддршка или изнајмување на опремата.
  • Ако изработеното видео е групно ќе биде оценувано во категоријата на годините од најстариот член во групата.

Жирито на Плурал плус фестивалот ќе даде три награди во три различни категории:

  • 9 до 12 години
  • 13 до 17 години
  • 18 до 25 години

Победниците во секоја од категориите покрај тоа што ќе добијат парична награда од 1000 долари, ќе имаат и шанса да отпатуваат во Њујорк на церемонијата за доделување на наградите што ќе се одржи во Центарот за медиуми во декември 2014. Патувањето до Њујорк ќе биде целосно финансиски обезбедено од организаторот.
Рокот за доставување на видеата е 27 јуни до полноќ.

Повеќе информации за натпреварот тука.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk