Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

karikat-zast2Разбиена е секојдневната, за многумина монотона глетка која владееше низ ходниците на средното училиште „Крсте П. Мисирков“ во Демир Хисар. Измамени се и погледите, а разбудена е и љупобитноста на оние ученици за кои досега историјата и не беше баш привлечна наука.

Ова се дел од ефектите кои со својот последен проект ги предизвика ученичката Александра Најдовска, која од нејзините соученици се издвојува по нејзините креативност и талент за сликање. Со сликарство се занимава одамна, но со нејзиниот последен проект насловен „Историјата преку карикатура“ достигна кулминација. Во овие дела Александра преку карикатури ги претстави историските ликови, а низ сите од нив преовладува шмекот на сатирата и иронијата.

„Во овие дела ја отсликав контроверзноста на најмаркантните ликови во историјата, притоа запазувајќи ги нивните доминантни карактеристики. Тоа се илустрации во кои преовладуваат различни стилови, впечатливи бои и интересен контраст.“, вели Александра. Таа особено го обужува кубизмот и сликањето карикатури. Меѓу омиленити артисти и се Жан Жиро, Ричард Линднер, Салвадор Дали и Мет Грнинг.

karikat-zastСе чини дека секој потег со четката отсликува посебна приказна сама за себе, а секој панел претставува автентична анегдота. Во овој проект таа ја докажала нејзината љубов кон уметноста, а критиките од професорите и другарите се само позитивни. „Добро склопени како да се дел од страниците за стрипови. Како што не ги штедеше идеите, така не ги штедеше ниту боите “, се некои од коментарите.

Иако се чини оти оваа уметност е единствената преокупација на Александра, секојдневието на оваа средношколка поминува и под превезот на музиката. Панкот и блузот и се омилените жанрови, а има и одличен глас. Ако не е четката, тогаш гитарата е нејзината придружничка, но соучениците велат дека најдобро е кога прави уметничка мешавина и од двете.

 

 

Автори: Викторија Трајчевска III-1, Марија Неделковска III-1, Антонио Сукловски IV-2,

СОУ „К. П. Мисирков“ – Демир Хисар

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk