Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

maturska parada quadИ годинава, повеќе од илјада матуранти од цела земја, точно напладне на 20-ти мај, се собраа на плоштадот „Македонија“ и традиционално го одиграа танцот „квадрил“ во рамки на „Матурска парада 2016“.

По десетти, јубилеен пат, во исто време танцуваа заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“.

На настанот, кој го отвори скопскиот градоначалник Коце Трајановски, учествуваа ученици од 20 средни училишта од Скопје, Охрид, Струга, Струмица, Валандово, Гевгелија и Неготино. 

Пред започнувањето на танцот „квадрил“, матурантите положија заклетва за ненасилство и толеранција.

„Матурска парада 2016“ е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“, а под покровителство на Градот Скопје.

Поддржувач на манифестацијата е Делегацијата на Европската унија во Македонија.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk